Забава
Шарлиз, Никол и Марго – трите бомби на црвениот тепих испраќаат моќна женска порака

Три убави русокоси во Холивуд играат главни улоги во филм за три жени кои го срушиле познатиот медиумски предатор Роџер Ејлс – човекот кој со години, без последици, сексуално ги напаѓал и вознемирувал жените што работеле за Фокс њус (Fox News).
Bobmshell („Тие се бомби“) дава детален приказ на целата морбидна вистинска приказна и падот на Ејлс.
Премиерата на филмот во Лос Анџелес беше одлична увертира во возбудливото сценарио, а ѕвезди на црвениот тепих беа Шарлиз Терон во фустан Кристијан Диор, Марго Роби во фустан во боја на лаванда, креација на Жанбатист Вали, и Никол Кидман во костим Сен Лорен.
Шарлиз Терон неодамна изјави загриженост дека политиката ќе фрли сенка на вистинската порака нa филмот, а тоа е сексуално вознемирување на работа.
„Ова е приказна за жени кои не се чувствуваат сигурно на своите работни места и немаат еднакви права да одат на работа, да бидат амбициозни и да имаат сè она што го имаат мажите на своите работни места, а тоа да не биде свртено против нив“, рече Терон.
Нејзиниот фустан со длабоко деколте откриваше многу, но не беше вулгарна. И не секоја жена може да извади мини и деколте до папок како што тоа го прави Терон.
„Рамна сум како даска. Некогаш ова ми пречеше, но научив како да користам мали трикови со кои ги подигам градите и самодовербата“, рече пред неколку години актерката која никогаш не размислувала за естетски операции. Овој пат таа деколтето не го наполни со уметоци бидејќи, како што се гледа на фотографиите, фустанот го носи на голо.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Џеф Безос и Лорен Санчез вечераа во познат ресторан на Хвар: „Не можеме да ви кажеме што јаделе“

Џеф Безос и Лорен Санчез го посетија ресторанот „Код барба Луке“, кој се наоѓа во Стари Град на островот Хвар.
„Гостите беа задоволни од вечерата и воодушевени од Стари Град. Не можеме да ви кажеме што јаделе. Всушност, тие се многу фини луѓе“, изјави сопственичката на ресторанот, Катарина Роиќ-Скелин, за хрватски „Вечерњи лист“.
Таа додаде дека персоналот на ресторанот им служел на Безос и на другите гости со еднаква посветеност.
Забава
(Видео) Американскиот актер Ерик Дејн низ солзи: „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна, мојот крај“

Американскиот актер Ерик Дејн, познат по улогата на Марк Слоун во серијата „Вовед во анатомија“ (Grey’s Anatomy), во април оваа година откри дека страда од амиотрофична латерална склероза (АЛС).
„Дијагностицирана ми е АЛС. Благодарен сум што го имам моето прекрасно семејство покрај мене додека го започнуваме ова ново поглавје во нашите животи. Љубезно ве молам да ни дозволите мене и на моето семејство приватност“, изјави тој за списанието „Пипл“ во тоа време.
АЛС е невролошко заболување кое води до постепено губење на мускулната контрола и во моментов нема лек.
Прво интервју по дијагнозата
Два месеци откако ја објави дијагнозата за АЛС, Ерик Дејн се појави во емисијата „Добро утро, Америка“. Досега е објавен само преглед од интервјуто. Целосното интервју ќе биде објавено на 16 јуни. Седејќи со Дајан Соер, тој зборуваше за својата борба со болеста.
„Секој ден се будам и веднаш си потсетувам дека ова се случува. Не е сон“, рече Ерик.
И покрај дијагнозата, актерот вели дека сака да остане позитивен. „Не мислам дека ова е крајот на мојата приказна. Не чувствувам дека ова е крајот со мене“, рече тој.
Тој стана многу емотивен и се расплака кога Дајан го праша кого прв повикал за да му каже за неговата болест. Одговорот на Ерик на ова не беше прикажан.
Ерик откри дека продолжува да ја снима третата сезона на „Еуфорија“ и покрај борбата со АЛС. Дејн го игра Кал Џејкобс во серијата на ХБО.
Забава
Тие никогаш нема да ви се јават први, не сакаат да изгледаат очајно

Без разлика колку им е грижа, на некои хороскопски знаци ќе им биде тешко први да се обратат, не затоа што не се заинтересирани, туку затоа што им е важно да го одржат впечатокот на самоконтрола, независност или едноставно, не сакаат да „изгледаат наметливи“. И додека од една страна тивко ја сакаат вашата порака, од друга страна гордоста или несигурноста се посилни.
Еве четири хороскопски знаци кои се мајстори во тоа.
Шкорпија
Шкорпиите сакаат да имаат контрола, и врз себе и врз ситуациите. Ако први проговорат, се чувствува како да губат моќ. Иако се интензивни, емотивни и лојални, честопати ќе се повлечат и ќе чекаат вие да го направите првиот потег. Зад тој „ладен“ став честопати лежи длабока емоционална потреба за сигурност, и само кога ќе им покажете дека ја има, тие ќе се отворат.
Јарец
Јарците не сакаат да ризикуваат кога станува збор за емоции. Тие се плашат дека ќе изгледаат послаби ако покажат дека им е грижа, па затоа претпочитаат да молчат, уверени дека вистинските луѓе ќе ви се обратат. Тие се пресметани и претпазливи, дури и во пораките; ако вие не го направите првиот потег, малку е веројатно дека ниту тие ќе го направат.
Девица
Девиците премногу размислуваат, за секоја реченица, за времето и за можниот одговор. Тие често ги анализираат малите нешта и се плашат дека ќе погрешат ако се премногу заинтересирани. Нивниот перфекционизам ги спречува, па затоа ќе одлучат да ја чекаат вашата порака, наместо да ризикуваат да изгледаат „очајни“.
Водолија
Водолиите често изгледаат дистанцирани, дури и кога длабоко се грижат. Тие не сакаат да покажуваат емоции на вообичаен начин и често играат на „картата на кул“. Ако очекувате да ве бомбардираат со пораки, тоа нема да се случи. Тие претпочитаат вие да ја водите играта и само кога ќе се чувствуваат безбедно, почнуваат да се насочуваат кон другите и да се отвораат.