Македонија
(Видео) Николовски: Заев ме тужи, но и натаму тврдам дека тој е на врвот на пирамидата за рекетирање

Премиерот Зоран Заев поднесе тужба за клевета против мене за политичка изјава во којашто кажувам дека се изрекетирани преку 20 милиони евра и дека тој е на врвот на пирамидата, соопшти на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.
Во продолжение, тој ја цитираше изјавата поради која е поднесена тужбата:
„Некаде пред две недели споменав дека вкупната сума на побарани изрекетирани средства надминува 20 милиони евра. Досега никој ова не го демантираше што значи дека е рекетиран повеќе од еден бизнисмен, рекетирани се многу бизнисмени и побарани се многу пари. Тоа е операција што не можат да ја завршат еден или двајца луѓе. Тоа е операција која е добро осмислена од врвот на СДСМ, координирана лично од Зоран Заев и понатака управувана од целата држава затоа што е потребна и кривична и политичка одговорност“.
Според Николовски, целта на власта е сега тој јавно да се извини и како што кажа, да се уплаши и да се повлечe.
„Заев бара да му исплатам 60.000 денари оштета, како и да му го платам скапиот адвокат. Бара 60.000 денари оштета затоа што брат му Вице е исто така во тужба за клевета, не успеа да добие од мене 30.000 денари оштета, па сега веројатно по принципот евро за евро бара 60.000 денари оштета за да можат со брат му да поделат по 30.000 денари“, кажа потпретседателот на опзициската партија.
Тој уште еднаш јавно повтори дека останува на кажаното и додаде дека тужбата е поднесена за дефокусирање на вистинското прашање во овој случај, а тоа е, како што рече, каде завршиле парите од „Рекет“.
„Ќе одиме на суд со задоволство секој со својата страна и ќе ја докажуваме вистината“, порача Николовски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Дел од Зелениково денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково, општина Зелениково.