Македонија
Заев до новиот еврокомесар за проширување: Ќе испорачаме уште повеќе аргументи за преговори
Земјава ќе испорача уште повеќе аргументи до Европската комисија и до сите земји членки на ЕУ за одложената позитивна одлука да дојде колку што е можно побргу за да биде исправена грешката од самитот во октомври, рече премиерот Зоран Заев на средбата со новиот еврокомесар за проширување, Оливер Верхелји, остварена на маргините на самитот на Централноевропската иницијатива, што се одржа во Рим.
Заев на средбата ја изрази благодарноста на Владата и на македонскиот народ за поддршката што доаѓа од Европската комисија во континуитет, како и лично од новиот комесар Верхелји.
Еврокомесарот Верхелји, од своја страна, истакна дека Европската комисија силно го поддржува отворањето на преговорите со Северна Македонија и дека со земјите членки на ЕУ се работи на усогласување на ставовите за евентуални промени во методологијата и процесот на проширување, кои ќе овозможат брза позитивна одлука за Северна Македонија.
Тој порача дека најавите оти Северна Македонија останува посветена да испорачува резултати во демократските реформи се од големо значење и го истакна очекувањето за поддршка од сите политички фактори, вклучувајќи ја и опозицијата, во донесувањето на законот за Јавното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Неврохирургот на Заев, Филипче во раководството има само негови верни слуги, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не може сам да стои на свои нозе во политиката.
„По изборот на Централниот одбор во кој има само поранешни функционери на СДС од времето на Заев, како и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска која се бореше со сите сили да го устоличи Заев за премиер и вечерва со изборот на потпретседателите, како и генералниот секретар, така и двајцата организациски секретари докажа дека нема ништо ново освен стари излитени кадри.
Свежина и промени во СДС не се ни на повидок, наводните промени не се ништо друго освен продолжување на политиката на Заев.
Потпретседателите се само продолжена рака на Заев кои во негово време беа стоти ешалон сега му ги нуди на Филипче за во прв“, оценуваат во владејачката партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, поранешната министерка за животна средина е потрчко на Заев. „Ана Чупеска Станишева, професорка на Правниот факултет во Скопје Јустинијан Први е позната во јавноста по налудничавата идеја стотина македонски новинари да завршат в затвор. Кристина Костова која како печат од своето делување ја има само Шарената револуција. Едно е јасно светлина во тунелот наречен СДС нема, има само стари рециклирани кадри кои му служат на Заев што говори и дека тој ќе ја води партијата, а не Филипче“, нагласуваат од партијата на Мицкоски.
Македонија
Филипче за новото раководство: нова визија за позитивни промени во СДСМ
Новиот состав на Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз вечерва ја одржа првата седница на којашто беше избрано партиското раководство
„Вечерва се одржа првата седница на Централниот одбор на СДСМ во новиот состав откако новите членови беа избрани на 30-от Конгрес. Состанокот помина во одлична атмосфера и позитивна атмосфера, со многу енергија и ентузијазам кај новите членови на Централниот одбор.
Се избра новото партиско раководство, членови на Извршниот одбор, понатаму генералниот секретар, тоа е Александар Димитријевиќ. Се избраа потпретседателите на партијата, Кристина Костова од Штип, Менде Илиевски од Битола, поранешната министерка Каја Шукова и професорката Ана Чупевска од Правниот Факултет, двајцата организациски секретари, поранешниот пратеник Мартин Костовски од Куманово и Љупчо Фармакоски од Општинската организација Центар.
Оваа енергија, оваа одлична атмосфера којашто ја имавме вечерва е само доказ дека консолидацијата не само што е започната, туку таа многу добро се одвива на сите нивоа во партијата. Вечерва избравме луѓе коишто имаат многу силен личен интегритет, многу знаење и искуство во своите области на делување претходно, коишто верувам дека со сета сила и знаење ќе се вложат во периодот којшто следи.
Имаме веќе план за работа. Многу силна и многу интензивна работа почнува веќе утре. Направен е план за посета на сите општински организации. Има насоки за промена во делувањето, комуникацијата со луѓето, начинот на коишто ќе допреме до членовите и симпатизерите, на оние коишто од некои причини не гласаа, се налутија, останаа дома, гласаа за друг политички субјект, веќе пристапуваат поради, и сме подготвени да ги слушнеме сите нивни предлози и во еден широк инклузивен процес да ги вклучиме сите наши членови и симпатизери во процесот на креирање на политики“, истакна лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Македонија
„Биди храбар Трајко“: Арсовска до Славески да ја постави точката за приватните превозници на дневен ред
Бидејќи Трајко Славевски никогаш не успеал да собере храброст самиот да донесе одлука, а овој пат бара поддршка од мене – ја има, извести градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска одговарајќи на објавата на претседателот на Советот на Град Скопје, Славески кој преку објава на социјалните мрежи напиша дека Арсовска е на потег во врска со случајот со приватните превозници.
„Го охрабрувам Трајко Славевски, како што и веќе на писмено му одговорив во текот на седницата на Советот со доставување на мислењето од моја страна кое го бараше, да ја стави точката на приватните превозници на дневен ред и заедно со останатите советници да ја разгледаат и да донесат одлука дали ќе ја поддржат и ќе прифатат зголемена цена за превоз на приватните превозници или не.
Биди храбар Трајко“, му порача Арсовска на Славески во напишаното.
Славески пак претходно најави дека приватните превозници преку член на Советот на Град Скопје бараат зголемување на цената на нивните услуги а дека предлогот е доставен до градоначалничката.