Контакт

Регион

ЕУ издвоила повеќе од 80 милиони евра за чист воздух во Косово

Објавено пред

Европската Унија соопшти дека издвоила повеќе од 80 милиони евра за подобрување на квалитетот на воздухот во Косово. Луиџи Бруза, од Кабинетот на ЕУ во Косово, вели дека квалитетот на воздухот во Приштина во текот на изминатите неколку дена е како во Пекинг, еден од најзагадените градови со светот.

dobivaj vesti na viber

Учениците во Приштина денеска носеа маски на пат кон училиште. За да се потенцира сериозноста на проблемот, маски беа поставени и на споменици на Мајка Тереза ​​и поранешниот државен секретар на САД, Медлин Олбрајт.

Брисел потпиша договор со косовските власти за обнова на термоцентралата „Косово Б“ во Обилиќ, на десет километри од Приштина, за намалување на загадувањето на воздухот.Работата е предвидено да започне во мај, пренесува АП.

Уште седум милиони евра ќе бидат инвестирани од ЕУ за зајакнување на системот за централно греење за 2.000 домаќинства, или 10.000 лица, вклучително и училишта и градинки.Косовскиот министер за животна средина, Фатмир Матоши, рече дека државните институции повеќе не користат јаглен за затоплување.

Регион

(Видео) Кралски питон снимен на улица во Загреб

Објавено пред

Во загрепската населба Кајзерица, вчера вечерта човек наишол на кралски питон како талка по улицата. Ја снимил змијата и го објавил видеото во соседските групи во обид да го пронајде нејзиниот сопственик.

dobivaj vesti na viber

Еден од членовите на групата вклучен во безбедното враќање на змијата потврдил за Дневник.хр дека сопственикот е пронајден.

„Ја најдовме сопственичката и змијата ќе ѝ биде вратена. Пред да ја најдеме сопственичката, контактирав со Зоолошката градина во Загреб. Од Зоолошката градина ни кажаа дека можеме да им ја доставиме змијата, но бидејќи сопственичката во меѓувреме нè контактираше, проблемот е решен“, рече тој.

Прикажи повеќе...

Регион

Пицула: Србија живее во вонредна состојба, се плашам од 17-та жртва

Објавено пред

Европратеникот Тонино Пицула, известувач на Европскиот парламент за Србија, коментира за тековните протести во Србија за „Н1“, како и за најновите настани поврзани со војната во Украина и за обидот за наоѓање мирно решение.

dobivaj vesti na viber

„Ми се чини дека Србија живее во вонредна состојба не само во последните еден или два месеца туку и подолго. Не е прогласена, но со текот на времето сите протагонисти со своите постапки покажуваат дека Србија е во ситуација во која некои стандардни механизми, што помагаат во решавањето на внатрешните конфликти во демократиите, не постојат“, рече тој на почетокот.

„Ова е еден вид институционална блокада. Ова не функционира во Србија со месеци и подолго. Ова е сериозна ескалација на насилството, што, имам чувство, почна по масовниот митинг на 18 јуни кога режимот на Александар Вучиќ ги извади ракавиците и почна да користи сила во поголема мера, не дека тоа не го правел претходно“.

Пицула исто така го изрази својот најголем страв кога станува збор за ескалацијата на насилството во Србија.

„Се плашам од 17-тата жртва. Зборуваме за 16 лица, кои ги загубија животите кога падна настрешникот на 1 ноември минатата година. Доколку овие конфликти доведат до нова жртва, можеме да зборуваме за уште поголема ескалација, што може да биде фатална“.

Каков е односот на Европската Унија кон претседателот Вучиќ?

„Во моментот ЕУ нема мотив, ниту капацитет да се однесува поинаку кон малигниот режим на Александар Вучиќ. За разлика од Украина, во ЕУ недостига компонента на единство, што би претставувала притисок, што би довел до компромис и можеби до одење на избори. Европскиот парламент е многу осамена институција во архипелагот на европски институции, што е многу критична кон Србија“, додаде Пицула.

Со кого може да се разговара тогаш во Србија?
„Ова е многу сложена ситуација и тешко е да се даде јасен одговор. Би било добро ако разговараат едни со други во Србија. За да се обезбеди мирна транзиција, да се најде компромисен механизам за да се стигне до избори. Сепак, проблемот е што изборите во Србија се случуваат релативно често. Вучиќ прибегнуваше кон избори секојпат кога проценуваше дека може да добие дополнителен легитимитет. Мислам дека имаше само два или три редовни циклуси, сè друго беа вонредни циклуси“.

„Треба да бидеме целосно јасни тука и да кажеме дека во Србија сè што е против Вучиќ не е нужно и за Европа во исто време, таму постои хетерогеност, што ја комплицира ситуацијата“, вели европратеникот.

Тој тврди дека сè уште нема обединет фронт во ЕУ што ќе изврши вистински притисок врз претседателот на Република Србија.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Автобус со српски туристи каменуван во Грција, има повредени

Објавено пред

Од

Автобус со 38 српски туристи бил каменуван синоќа на автопатот Егнација во Солун.

dobivaj vesti na viber

Според полицискиот извештај, инцидентот го предизвикале четири лица, најверојатно малолетници, пишува „Прототема“.

Во нападот врз автобусот, во кој се превезувале српски туристи, кои се враќале од одмор, неколку прозорци биле скршени со камења.

Двајца патници и еден од возачите добија полесни повреди, објавува „Катимерини“.

Полицијата приведе две лица во врска со инцидентот, но не биле утврдени докази против нив и лицата биле ослободени.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија39 минути

ФЗО: Вo изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни операции

Во изминатите четири години не се евидентирани претставки за непотребни медицински интервенции, а по сопствен наод Фондот има извршено девет...

Топ2 часа

Обвинение против осум лица, од нив шест полицајци

Јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската...

Топ3 часа

Истрага за тероризам: пријавил дека има бомба на летот Скопје – Анталија

Постапувајќи по кривичната пријава поднесена од МВР, обвинителството отвори истражна постапка против С.А. (26) поради основано сомневање дека сторил кривично...

Македонија4 часа

Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Свет5 часа

Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина

Потпретседателот на САД, Џ. Д. Венс, изјави дека европските земји ќе мора да го понесат лавовскиот дел од товарот кога...

Свет5 часа

ОН: Бројот на неисхранети деца во Газа се зголемил тројно од март

Само во градот Газа, речиси една третина од децата се неухранети, напиша Филип Лазарини, раководител на Агенцијата на ОН за...

Свет5 часа

Анализа: Путин дури и не сака да му го изговори името на Зеленски; „Ќе се сретне со него под еден услов“

Презирот на претседателот Владимир Путин кон својот украински колега е толку длабок што речиси никогаш не го кажува неговот име....

Македонија17 часа

32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци: маскиран и со ловечки нож ограбил соселанец

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице осомничено за кривично дело – Разбојништво од член...

Македонија19 часа

(Видео) Специјалци од единиците „Волци“ и „Тигри“ направија пресека за да не се пренесе пожарот од Јасен

Пресеката, поточно правење бришан простор за да не се пренесе пожарот преку срт, целосно ја завршија припадниците на Специјалната антитерористичка...

Македонија20 часа

СДСМ Прилеп: Коруптивните бизнис зделки на функционерите на ДПМНЕ ги оставија прилепчани без полагања за возачка дозвола

„Поради нерегуларности во работењето, МВР го затвори Испитниот центар „Супер возач“, со што жителите на Прилеп и другите општини од...

Македонија21 час

Итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите дека се правеле непотребни операции за профит

Министерството за здравство најави итни и вонредни надзори во приватните болници по информациите што излегоа во јавноста дека се правеле...

Македонија23 часа

Мицкоски: Треба да се истражи како минатите арбитражни постапки се губеле и се одлевале огромни суми од државниот буџет

Ова е втора арбитража што оваа Влада ја добива и очекуваме барем уште две во периодот што следува, вели претседателот...

Македонија23 часа

За да нема одење на партиски митинзи со службени возила, Владата апелира сите институции што не го почитуваа рокот 18 август да поднесат пријави

Непослушните државни институции, кои до 18 август не ги пријавија службените возила, денес од Владата добија уште еден апел да...

Македонија23 часа

(Видео) Митева: Од 8 активни меѓународни арбитражи, оваа Влада успешно заврши 3 во полза на Македонија

Од осум активни меѓународни арбитражи оваа Влада успешно заврши три во полза на Македонија, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева....

Македонија1 ден

Царинaта спречи опасен шверц на илјадници лекови, против лице од Косово поднесена кривична пријава

Царинските службеници на граничниот премин Богородица открија и спречија обид за криумчарење на 4.577 парчиња небезбедни лекови, скриени во багажниот...

Свет1 ден

Трамп: Не грижете се, нема да има трета светска војна

Планетата повеќе не се движи кон трета светска војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за новинарот Марк Левин....

Македонија1 ден

Судир за српскиот капитал: „Влен“ и ДУИ меѓусебно се обвинуваат

ВЛЕН и ДУИ, двете водечки политички субјекти од албанскиот блок во Македонија, се препукуваат поради наводно продирање на српски капитал...

Македонија1 ден

Од шумскиот пат кон езерото се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред...

Македонија1 ден

Антикорупциската брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во регистарот на возилата на државните органи, органите на локалната самоуправа, јавните претпријатија и други правни лица со државен капитал...

Свет1 ден

Лавров: Ни Крим ни Донбас никогаш не бил наша цел

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, тврди дека Русија никогаш немала намера да ги заземе украинските територии, туку, единствено,...