Македонија
(Видео) Лидерите од Западен Балкан го посетија Драч

Лидерите на Западен Балкан го посетија Драч за поддршка на семејствата што ги обновуваат своите домови од последиците од земјотресот што се случи на 26 ноември.
Премиерот Зоран Заев заедно со премиерот на Албанија, Еди Рама и претседателите на Србија и Црна Гора, Александар Вучиќ и Мило Ѓукановиќ, утринава го посетија Драч.
Лидерите на Западен Балкан, кои во Тирана пристигнаа на третата сесија од иницијативата за продлабочување на соработката во регионот, се сретнаа со дел од семејствата што сега ги обновуваат своите домови од трагичната катастрофа и ја потврдија својата подготвеност да ја продолжат натамошната поддршка и помош во периодот на закрепнување од последиците од земјотресот.
„Оваа посета на Драч воедно е и најава на заедничката соработка во справувањето со природни катастрофии вонредни состојби која ќе биде вклучена како уште една област за непосредна и блиска соработка меѓу земјите од Западен Балкан во документот за поинтензивна интеграција на регионот што ќе биде усвоен денеска во Тирана“, соопштија од Владата.
Северна Македонија беше една од земјите што веднаш упати стручни екипи за прва помош и спасување кои, со специјализирана техничка опрема и кучиња трагачи, спроведоа акции за извлекување на настраданите граѓани во Драч, како и во санирање на штетите од катастрофалниот земјотрес.
Владата издвои 6 милиони денари како првична финансиска поддршка за санирање на последиците од земјотресот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Аеродром

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.20 до 12.30 часот, дел од корисниците од ул. 1 во населба Радишани. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Горно Лисиче лоцирани на потегот од Маг Комерц, А-М Стил, Феромонт Инжинеринг кон село Долно Лисиче. (општина Аеродром)
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на 3-та Македонска Бригада бб, прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на Вива, Метро, Центро, Спорт М и Форд, општина Аеродром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно со повремен локален дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северен правец (локално над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 7 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
До среда ќе се задржи претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд и студени утра. Ќе дува умерен до засилен, а долж Повардарието повремено силен ветер од северозападен правец. Потоа следи период на стабилно и суво со постепен пораст на дневната температура.