Македонија
Облачно и дождливо со температура до 15 степени

Изутринава е претежно облачно со повремен слаб до умерен дожд. Ветерот во првиот дел од ноќта ослабе и остана претежно јужен. Утринава е променлив, на југоистокот е тивко, а во Струмица има магла.
Времето денеска ќе биде променливо облачно, со врнежи со слаб до умерен дожд. Околу пладне на север ќе почне да дува северен ветер, кој потоа ќе се прошири, особено во Повардарјето и ќе биде слаб до умерен. Дневната температура ќе биде во интервал од 8 дo 15 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд со променлив интензитет. Околу пладне во делови од котлината ќе почне да дува северен ветер. Температурата ќе достигне до 10 степени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.