Свет
Објавени нови доверливи електронски писма од Белата куќа за Украина
Американските медиуми објавија доверливи електронски писма од администрацијата добиени од организацијата Центар за јавен интегритет, која се занимава со новинарски истражувања. Според нив, буџетскиот оддел на САД испратил допис до Пентагон за задршка на воената помош за Киев, 90 минути по телефонскиот разговор меѓу претседателот Доналд Трамп и неговиот украински колега Володомир Зеленски.
Дописот до Пентагон е потпишан од Мајкл Дафи, претставник на административно-буџетскиот оддел на САД. Чак Шумер, лидер на малцинството во Сенатот, изјави дека ова е уште еден доказ дека импичментот против Трамп е правилно решение.
Претходно, весникот „Вашингтон пост“ јави дека Белата куќа ги убедувала демократите да ги напуштат плановите за итна воена помош за Украина. Високи официјални лица од администрацијата за тоа се заканувале со вето на претседателот, кое би ја блокирало работата на Владата.
Задржаната воена помош за Украина од 391 милион долари се случила паралелно со барањето на Трамп до Зеленски да спроведе истрага за неговиот политички ривал Џо Бајден, поранешен американски потпретседател и негов можен противкандидат на изборите во 2020 година. Одлуката за задршка на воената помош за Киев е главната причина за отповикувањето на Трамп изгласано во Претставничкиот дом на САД минатата недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Ројтерс“: Богатите земји ги зголемуваат трошоците за климатскиот договор на 300 милијарди долари
Европската унија, САД и другите богати земји на самитот за климатски промени COP29 одлучиле да ја зголемат глобалната финансиска цел на 300 милијарди долари годишно до 2035 година, изјавија извори за „Ројтерс“.
Промената доаѓа откако земјите во развој го оценија предлогот за договор од 250 милијарди долари, кој беше изготвен од претседателството на Азербејџан COP29 во петокот, како навредливо низок.
Пет извори запознаени со разговорите зад затворени врати изјавиле дека ЕУ прифатила поголема сума.
Два извори рекоа дека САД, Австралија и Британија исто така се согласиле.
Делегатите на конференцијата на ОН за климатски промени во Баку, Азербејџан, во саботата наутро чекаа нов предлог за глобален договор за финансирање на борбата против климатските промени, а преговорите траеја цела ноќ.
Не е јасно дали земјите во развој се веќе запознаени со ревидираните позиции на богатите земји.
Портпаролот на Европската комисија одби да ги коментира преговорите.
Делегацијата на САД на COP29 не одговори на барањето за коментар.
Свет
Потпретседателката на Филипините: Ако ме убијат мене, убијте го претседателот
Потпретседателката на Филипините, Сара Дутерте рече дека треба да се убие претседателот Фердинанд Маркос Џуниор, ако таа самата биде убиена, што ја натера канцеларијата на Маркос на „итна соодветна акција“.
Во драматична слика за продлабочувањето на јазот меѓу двете најмоќни политички семејства на оваа земја во Југоисточна Азија, Дутерте на прес-конференција рече дека разговарала со атентаторот и му наложила да ги убие Маркос, неговата сопруга и претседателот на филипинскиот парламент, ако таа самата била убиена.
„Реков не застанувај додека не ги убиеш, а потоа тој рече ‘да’“, изјави Дутерте.
Канцеларијата за претседателски комуникации одговори со соопштение во кое се вели: „Постапувајќи по јасната и недвосмислена изјава на потпретседателката дека таа ангажирала атентатор да го убие претседателот доколку успее наводниот заговор против неа, извршниот секретар ја проследи оваа активна закана до претседателската безбедносна команда за итна соодветна акција“.
„Секоја закана по животот на претседателот мора секогаш да се сфати сериозно, особено што оваа закана беше јавно откриена на јасен и несомнен начин“, се вели во соопштението за печатот.
Кабинетот на Дутерте не одговори веднаш на барањето за коментар на изјавата од претседателскиот кабинет.
„Оваа земја оди по ѓаволите бидејќи нè води личност која не знае да биде претседател и која е лажго“, рече таа на пресот.
Дутерте, ќерката на претходникот на Маркос, поднесе оставка од неговата влада во јуни, додека остана потпретседател, сигнализирајќи го колапсот на силната политичка алијанса што им помогна на неа и на Маркос, синот и истоименикот на покојниот авторитарен лидер, да обезбедат убедлива изборна победа во 2022 година.
Претседателот на парламентот Ромуалдез, братучед на Маркос, го намали буџетот на кабинетот на потпретседателот за речиси две третини.
Испадот на Дутерте е последен во низата зачудувачки индикации за раздор во врвот на филипинската политика.
Во октомври таа го обвини Маркос за неспособност и рече дека замислува да му ја отсече главата.
Двете семејства се во судир околу надворешната политика и смртоносната војна на поранешниот претседател Родриго Дутерте против дрогата.
На Филипините, потпретседателот се избира одвоено од претседателот и нема официјални должности. Многу потпретседатели беа ангажирани во општествениот развој, додека некои беа именувани на позиции во владата.
Свет
Зеленски: Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина работи на развој на нови видови воздушна одбрана за да се спротивстави на, како што рече, новите ризици откако Русија искористи нова ракета со среден дострел.
Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека потегот на Русија бара сериозен одговор за да се спречи, како што наведе, рускиот претседател Владимир Путин да ја прошири војната и да ги почувствува вистинските последици од неговите постапки.
Путин во четвртокот рече дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрела нова балистичка ракета со среден дострел „Орешник“ на украинска територија, на која современите системи немаат начин да се спротивстават.