Црна хроника
Пријава за кумановска фирма поради ископ на кварц во Старо Нагоричане
СВР Куманово поднесе кривична пријава против А. Р. (41) од Куманово и против правното лице ДПТТУ „Борос“ ДООЕЛ од Куманово поради незаконита експлоатација на минерални суровини.
Тие од 2010 до 30.4.2013, искористувајќи го договорот за концесија за детаљни геолошки истражувања на минерални суровини – кварц на локалитет „Пчиња“ – с. Коинце, општина Старо Нагоричане, склучен со Владата, кој се однесувал само на геолошки истражувања, вршеле незаконска експлоатација и продажба на минерални суровини – кварц на локалитетите „Пчиња“- с. Коинце и „Ветуница“ – општина Ранковце, без добиени концесии и дозвола за тоа.
„Притоа во 21 наврат на правно лице од Тетово му продале 43.941,24 тони минерална суровина кварц и собирен кварц во вкупен износ од 56.561.536 денари остварена противправна имотна корист за што и доставиле 21 фактура. За извршената продажба и експлоатација, требало за секој изминат квартал на Министерството за економија да платат 3 отсто од секој ископан и продаден тон кварц и собирен кварц, со што избегнале плаќање вкупно 395.471 денар и избегнале плаќање давачки и за концесии во износ од 820.000 денари. Со наведеното избегнале давачки во вкупен износ од 2.220.471 денар, за кој износ го оштетиле буџетот, а воедно стекнале противправна имотна корист од 58.386.538 денари“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пожар зафати товарно возило во двор на фирма во Крушопек
Во првите часови по полноќ, на 8 ноември, во СВР Скопје било пријавено дека во двор на фирма во селото Крушопек избувнал пожар во товарно возило ман со скопски регистарски таблички, сопственост на фирмата.
Пожарот бил навреме изгаснат од екипи на Бригадата за противпожарна заштита. Нема повредени лица, а увид на местото на настанот ќе биде извршен во текот на денешниот ден.
Црна хроника
Жена падна во автобус и тешко се повреди
Педесет и седумгодишна скопјанка се здобила со тешки телесни повреди откако вчера паднала во автобус кој сообраќал по булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје. Според пријавеното во СВР Скопје, жената била патник во автобус управуван од 59-годишен возач од Волково.
По падот, таа била пренесена во Градската општа болница Св. Наум Охридски, каде што и биле констатирани тешките повреди. На местото на настанот извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Топ
Грабнале жена, ја тепале, па откако се онесвестила, ја силувале во напуштен објект во Струга
Две лица од дебарско се осомничени дека на 6 ноември околу 19 часот грабнале 30-годишна жена која потоа едниот од нив физички ја нападнал и ја силувал откако таа паднала во бесознание.
Кривичната пријава е поднесена против А.Л. (26) од дебарското село Џепиште кој се сомничи за грабнување и полов напад и силување и против 18-годишениот Е.В. од дебарското село Отишани кој се сомничи за грабнување.
Полицијата информира дека жената била грабната од нејзиниот двор со возило ауди кое го управувал Е.В. и однесена во напуштен објект во Струга.
Откако А.Л. ја силувал, го повикал Е.В. и со возилото ја однеле во Општата болница во Струга.
Двајцата сторители се пронајдени и против нив ќе следува кривична пријава.

