Македонија
Пендаровски го посети Кичево во рамките на проектот „Лице в лице со претседателот“
Претседателот Стево Пендаровски, во рамките на проектот „Лице в лице со претседателот“, денеска престојува во посета на Кичево.
Во основното училиште „Санде Штерјоски“ претседателот посети две паралелки што наставата ја следат на македонски, односно албански јазик.
Во училиштето настава следат ученици Македонци, Албанци, Турци и Роми и е пример за меѓуетничка интеграција во образованието. Таму како проблем беше посочен недостигот на учебници. Исто така, Пендаровски посети паралелка на деца со попреченост, кои учат во училиштето, а на кои им помага и волонтерка од Мировниот корпус од САД.
Во училишната библиотека Пендаровски се сретна со 18-годишниот Албин Алиу, иноватор што има направено проект за изработка на хартија од алги, собрани во Охридското Езеро.
Тој го запозна претседателот со својот проект, со кој освоил трето место на натпревар во Њујорк – САД, во областа на биохемијата.
„Проектот е значаен за заштита на животната средина бидејќи помага во одржувањето на биодиверзитетот и помага во намалувањето на користењето на дрвата како суровина за производство на хартија“, објаснил Алиу, кој сега е ученик на колеџот „Јахја Кемал“ во Струга, и додал дека проектот сака да го примени во Северна Македонија.
За време на посетата на Кичево, Пендаровски го посети основното училиште „Владимир Полежиноски“, каде што беше посочен трендот со намалување на бројот на ученици во градот. Таму претседателот даде интервју за училишниот весник „Ѕуница“, што го подготвуваат учениците од новинарската секција.
Во општинската организација на Црвениот крст во Кичево, Пендаровски се сретна со доктор Љуљзим Јахоја, добитник на националното признание за истакнат волонтер на годината за 2019. Јахоја, кој по професија е невролог, веќе 15 години е волонтер во Црвениот крст.
Проектот „Лице в лице со претседателот“ е со цел преку посети на населените места во Северна Македонија, Пендаровски да се сретне со што е можно повеќе граѓани и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат жителите, како и идеите за нивно надминување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

