Македонија
Гејмингот влегува како официјална категорија спорт
СДСМ кaко политички субјект што ги следи модерните трендови и практиката на државите од Европската Унија, одлучи наредниот период да ги почне сите процеси и активности за официјализирање на електронскиот спорт т.е. гејмингот како официјална категорија спорт, истакна Ѓорги Тасев, посебниот советник за млади и спорт на премиерот на трибината на СДСМ „Агенда спорт 20-24“.
Токму ИТ-секторот, дигиталниот свет, кибер-просторот, додаде тој, оставаат можности за ширење на електронскиот спорт.
Тасев потенцираше дека на ова ќе претстои широка дебата, вклучување на сите гејмери и заинтересирани страни со цел да се даде еден поинаков правец во развој на државата, како на економски, така и на спортски план.
„Спортот е глобален феномен кој го трансформира учесникот од пасивен гледач во активен играч и во моментов не постојат граници кои ќе запрат неговиот развој“, истакна Тасев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

