Македонија
Родовите прашања во медиумите во фокусот на четвртиот јавен состанок на АВМУ
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес го одржа последниот јавен состанок за 2019 година, на кој директорот Зоран Трајчевски ги презентираше реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатото тромесечје.
Посебен акцент на настанот беше ставен на родовите прашања во медиумите. Организацијата „Коалиција Маргини“ го презентираше „Водичот за новинари“, чија цел е да биде главен извор на новинарите кои сакаат да обработуваат медиумски прилози за трансродовите лица на јасен и разбирлив начин. Публикацијата, која е подготвена од организацијата Transgender Europe, со поддршка на Програмата за права, еднаквост и државјанство на Европската Унија, дава практични насоки за начинот на кој треба да се пишува за трансродовите лица или за прашањата кои ги засегаат.
На настанот, претставничка на Хелсиншкиот комитет за човекови права ги пренесе резултатите од анализата за начинот на известување на медиумите за манифестацијата „Скопје прајд 2019“.
Генералната оценка е дека телевизиите, печатените медиуми и најголем дел од релевантните интернет-медиуми во земјава, коректно и професионално информираа за „Скопје прајд 2019“. Сепак, беше посочено дека во дел од медиумското известување изостана отворена осуда на говорот на омраза и дискриминацијата врз основа на сексуалната ориентација и родовиот идентитет.
На крајот на состанокот беа презентирани резултатите од застапеноста на родовата структура во сопственоста кај телевизиите и радијата кои емитувале програма на национално, регионално и локално ниво во 2019 година. Податоците од оваа анализа, која ја изработи Агенцијата, се показател за постоењето на помалата застапеност на жените во сопственичката структура на телевизиите и радијата.
Вкупно 68 радиодифузери, од кои 28 телевизии и 40 радија се во целосна сопственост на мажи, додека 23 радиодифузери, односно 3 телевизии и 20 радија, се во целосна сопственост на жени. Деталните податоци за родовата структура на сопственоста и на вработените во радиодифузијата ќе бидат објавенина почетокот на 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
АХВ: Уништени над 1 тон небезбедна храна од продавниците за здрава храна
Илјада и десет килограми небезбедна „здрава храна” уништија инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство кај 14 оператори во рамки на 373 контроли спровдени неделава, кај оператори именувани како објекти за производство и промет со здрава храна, соопшти АХВ.
Со контролите утврдено било дека 14 оператори воопшпто не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата.
За утврдените недоследности со контролите, биле издадени 65 решенија, 19 опомени и 44 парични казни, во вкупна вредност од 20.550 евра.
„Кај 9 оператори со контролите утврдени биле незадоволителни хигиенски и технички услови во објектите, кај 7 била пронајдена храна со поминат рок на употреба. Кај двајца оператори најдена била и храна со непознато потекло. Несоодветно означена била храната кај 18 оператори, а кај 23, вработените немале спроведено задолжитрелен здравствен преглед. Двајца од операторите немале воспоставени процедури за Добра производствена и Добра хигиенска пракса, или не воделе соодветни записи. Кај исто толку оператори не била извршена задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите“, пишува во соопштението на АХВ.
Македонија
СДСМ: Наместо луксуз на власта со авиони, да се пренаменат пари за 600 евра минимална плата
Животот во Македонија станува сѐ поскап, работниците едвај врзуваат крај со крај, а власта сѐ луксузира врз грбот на народот, велат од СДСМ.
„Според последните податоци, синдикалната кошничка во февруари достигна 67.400 денари. На едно четиричлено семејство не му се доволни ниту 3 минимални плати месечно за да ги покрие основните потреби. Над 200 илјади работници земаат плата под 30.000 денари. Со сегашното ниско ниво на минимална плата не можат да се покријат трошоците за основни потреби, храната, сметки.. Тешкото секојдневие, високите сметки и поскапувањата ги доведоа работничките семејства на раб. И додека граѓаните се борат за корка леб, премиерот Христијан Мицкоски се луксузира на сметка на народот – со владини авиони, со скапи часовници од 60 илјади евра. Време е да се укине луксузот на власта, а работниците да добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат. Бараме парите што власта ги планираше за нов авион да се пренаменат за минимална плата од 600 евра за сите работници. Нема повеќе оправдувања дека „нема пари“. Имало пари за нов авион, за мебел, за уредување кабинети, за службени автомобили. Нека направат ребаланс на Буџетот и нека ги пренаменат парите за плати. Доста е расфрлање со милиони за авиони – мали или големи – додека народот тоне. Доста е луксуз на грбот на народот“, стои во соопштението на СДСМ.
Македонија
Обвинителство: Забрана за две правни лица од Велешта да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум
Преземајќи истражни дејствија по наредба на Основното јавно обвинителство Струга за испитување на причините за загадувањето на водата од извориштето во селото Шум, истражните органи затекнаа работни машини на две правни лица од Велешта кои вршеле кршење, ископ и транспорт на карпи во поголем обем во непосредна близина на изворите, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, поради сомненија за кривични дела – Незаконита експлоатација на минерални суровини од член 225-а и Загадување на водата за пиење од член 219 од Кривичниот законик, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка веднаш достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрани на правните лица да ги посетуваат парцелите каде вршеле ископ и забрана да преземаат какви било работни активности на подрачјето.
Основното јавно обвинителство Струга продолжува да презема дејствија за обезбедување докази и испитување на евентуална кривична одговорност во однос на енормното загадување на изворите во Шум од каде подрачјето на градот Струга се снабдува со вода за пиење, стои во соопштението.

