Регион
(Видео) Црногорскиот парламент го усвои Законот за слобода на религијата – летаа шишиња, интервенира и полицијата

Во напната атмосфера црногорскиот парламент утрово го донесе Законот за слобода на религијата по тешкиот инцидент кога пратениците од опозицијата побрзаа да ги тепаат оние што гласаа.
Пратениците на Демократскиот фронт го сторија тоа во обид да го спречат донесувањето на законот. Тие поитаа да се тепаат со членовите на владејачката коалиција, ги маваа со шишиња, чаши, насилно им ги зимаа микрофоните и се обидоа да фрлат солзавец во пленарната сала.
Благодарение на брзата интервенција на полицијата беа спречени поголеми инциденти.
Пред донесувањето на законот, патиштата беа блокирани низ Црна Гора како одговор на повикот на ДФ, чии лидери за време на парламентарната расправа ги повикаа поддржувачите да ги блокираат улиците и да се заканат со судири во случај да се донесе законот.
По повикот, следуваа блокади во земјата, беше блокиран автопатот Бјело Поље – Беране, протести имаше и на неколку локации во Подгорица, Никшиќ, Беране, Херцег Нови, Бар, Будва, при што на насобраните граѓани им се придружи и градоначалникот Марко (Бато) Царевиќ.
https://t.co/2mNfrZEGqj pic.twitter.com/pA4sg4pyud
— Српска рамонда – борба за истину™ (@RSerbica) December 26, 2019
Граѓаните првин блокираа еден од обиколните премини во Никшиќ, а потоа стотици други ја пробија полициската блокада и се упатија кон тунелот Будош.
Полицијата привела 20-ина лица, од кои 13 биле уапсени за кршење на законот за јавен ред и мир, меѓу нив и свештеникот во манастирот во Беране, Небојша Булатовиќ. Едно лице е уапсено за напад врз полицаец.
Врховното јавно обвинителство објави дека го следи она што се случува и ќе го гони секој, каква и да има функција, за кој ќе се докаже дека го прекршил законот.
Претседателот на парламентот, Иван Брајовиќ, рече дека треба да одговараат учесниците во инцидентот. Тој на пратениците на ДФ им изрече мерка за отстранување, што значи дека не ќе може да присуствуваат на парламентарните седници во наредните 15 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Поради силни ветрови, во прекин фериботскиот сообраќај во Грција

Фериботскиот сообраќај во Егејското Море во Грција денес беше прекинат поради силни ветрови, кои достигнаа брзина од 60 километри на час, поради што илјадници туристи не можеа да одат до своите планирани дестинации.
Забраната за пловидба, која ќе биде во сила денес најмалку до 13 часот по локално време, важи во сите поголеми пристаништа во Атика, а само фериботите на неколку линии во областа Аргосароникос сè уште пловат, објавува „Јуроњуз“.
Пристанишните власти чекаат ветерот да стивне за да може да се укине забраната за пловидба.
Пловењето кон островите Киклади беше прекинато во пристаништето Рафина иако екскурзиите до Мармарис на островот Кос продолжија според планот.
Фериботите не сообраќаат од Пиреја, а пловидбата во пристаништето Лаврио е прекината во правец на Китнос и Агиос Маринас и Неа Стира.
Илјадници патници не можеа да го почнат своето патување утрово поради прекин на пловидбата и чекаат да одат на своите дестинации.
Грчката крајбрежна стража им советува на патниците да се консултираат со компанијата чиј ферибот треба да ги превезува кога ќе бидат можни нови поаѓања, како и да ги избегнуваат пристаништата на кои се појавил сообраќаен метеж.
Метеоролошката служба прогнозира дека силните ветрови ќе траат најмалку до недела, што би можело да влијае на фериботскиот сообраќај.
Поради оваа причина, властите им препорачаа на туристите да стапат во контакт со локалните пристанишни власти и компании пред да заминат.
Регион
Гори во Грција: издадена наредба за итна евакуација

Голем шумски пожар избувна денес во областа Каравадос на грчкиот остров Кефалонија, а издадена е наредба за евакуација на три области, јавуваат грчките медиуми.
Пожарот избувнал во земјоделска и шумска зона, а ангажирани биле 20 припадници на противпожарната служба со седум возила, како и членови на планинската спасувачка служба и волонтери, објави „Катимерини“.
„Доколку се наоѓате во областите Каравадос, Доризата и Керамис, засолнете се и упатете се во правец на Аргостоли. Следете ги упатствата на властите“, се наведува во известувањето на противпожарната служба.
Четири авиони и два хеликоптера исто така помагаат во гаснењето на пожарот, пишува грчкиот весник.
Фото: принтскрин
Регион
Плинска боца експлодира во стан на српски туристи во Грција, има повредени

Пет туристи од Србија се повредени денес во експлозија на плинска боца во изнајмена соба во Аспровалта, во регионот на Солун, од кои еден доби тешки изгореници, објавува Катимерини.
Несреќата се случила денес околу 15:30 часот под сè уште неразјаснети околности.
Најтешко повреден е 41-годишен маж, кој се здобил со изгореници, додека другите се здобиле со повреди од скршено стакло, објавува Катимерини, додека Прототема објавува дека маж со изгореници од прв и втор степен и жена со изгореници од прв степен се пренесени во свесна состојба во Општата болница во Солун.
Полицијата го уапси 86-годишниот сопственик на куќата, а надлежните органи ги истражуваат причините за несреќата.