Македонија
(Видео) Заев за „Рекет“: Го пријавив тоа што го видов, а тоа е она што го објави Камчев
Видео и четири разговори биле презентирани пред премиерот Зоран Заев, пред да го пријави случајот „Рекет“. Ова го кажа тој одговарајќи на новинарски прашања, по состанокот на партиското раководство.
„Ако се случеше ‘Рекет’ пред 3 години, ќе беше заштитена телевизијата која е целосно провладина, веројатно врхушката на власта ќе ги собереше парите, а Камчев ќе требаше да молчи или ќе види, зашто тоа беше така во тоа време. За разлика од тогаш, сега премиерот го пријавува случајот според материјалите кои ми беа презентирани. Ми беше презентирано видеото и четири разговори. Тие беа основ да се пријави случајот “, рече Заев.
Прашан зошто ја штител обвинителката Катица Јанева, премиерот одговори дека не прикрил никого, а на 22 април го пријавил она што го видел.
„Го пријавив тоа што го видов, а тоа е она што беше објавено од Орце Камчев, односно предадено на Јавното обвинителство од Орце Камчев. Таму не ја гледате Катица Јанева, ја гледате комуникацијата помеѓу Боки 13, Орце Камчев. На крајот истрагата ги отвори моментите, па дојдовме до денешната состојба за тоа кој каде бил и каде постојат индиции да биде одговорен“, рече Заев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

