Забава
Водителка на реално шоу го претепала своето помладо момче
Каролина Флек, водителка на реалното шоу Love Island, е во притвор откако со ламба го претепала своето 13 години помладо момче Луис Бартон, кој потоа завршил во болница со полесни повреди.
Се скарале откако Каролина видела дека Луис се допишува со жена прилично постара од него. Тоа многу ја разбеснило, и во момент на екстремна лутина физички го нападнала.
Според судски извори, ТВ-презентерката го оставила своето момче раскрвавено откако наводно го удирала по главата со ламба мислејќи дека тој ја изневерува.
Четириесетгодишната Каролина Флек е обвинета дека го нападнала Луис Бартон додека спиел откако видела порака на неговиот телефон. Тој успеал да заврти 999, ја повикал полицијата да му помогне и предупредил „таа се обиде да ме убие“.
Полицајците кои први стигнале во нејзиниот дом во северен Лондон вреден 1,1 милиони фунти, ја споредија сцената со „хорор филм“. Тие ги затекнале Флек и нејзиниот партнер облиени со крв во домот на ТВ-водителката.
Челниците на телевизијата на која се прикажува реалнотот шоу не гледаа благонаклоно на случката, па така, Каролина доби отказ поради скадалозно однесување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) По 34 години, Тајчи го облече фустанот што го носеше на Евровизија и воодушеви со својот изглед
Татјана Матејаш Камерон, попозната како Тајчи, го облече фустанот што го носеше во 1990 година на Изборот за песна на Евровизија во Загреб.
Натпреварот се одржа во концертната сала „Ватрослав Лисински“. Тајчи го освои седмото место со песната „Хајде да лудујемо“. Покрај заразната мелодија, публиката беше импресионирана од нејзината розова креација и од фризурата, благодарение на кои личеше на Мерлин Монро.
„Истиот фустан 34 години подоцна. Издржа одлично“, рече таа во описот на фотографијата.
Тајчи деновиве е во Малме, каде што се одржува годинашното издание на Евровизија.
„Настапив во Шведска во клуб за обожаватели и всушност е одлично што песната ‘Хајде да лудујемо’ оживеа, живееше и ќе живее“, изјави таа.
Забава
(Видео) Модно издание што го одзема здивот: Џенифер Лопез на Мет гала во фустан со 2,5 милиона перли
Џенифер Лопез се појави на Мет гала, најважниот моден настан на годината, во сребрен фустан што го одзема здивот, а интересно е што ова рачно изработено парче имаше 2,5 милиона рачно шиени перли.
#MetGala co-chair Jennifer Lopez sparkles on the steps pic.twitter.com/R3PtKAx13I
— The Hollywood Reporter (@THR) May 6, 2024
Пејачката и актерка ги воодушеви модните критичари во проѕирен фустан на Schiaparelli по нарачка. За рачното везење на ова парче облека биле потребни повеќе од 800 часа, а содржи повеќе од 2,5 милиона сребрени перли.
Креацијата ја спои со чевли на платформа и клач-чанта во соодветни тонови.
Ѓерданот на Лопез, со речиси 100 карати дијаманти, го обезбеди Tiffany&Co., како и обетки, белезица и два прстена.
Забава
Николас Кејџ доби една од главните улоги за поинаква приказна за Исус
Николас Кејџ е еден од актерите што добија улога во претстојниот хорор-филм The Carpenter’s Son. Хорор-филмот го режира Лоти Нејтан, кој го напиша и сценариото.
Според „Дедлајн“, The Carpenter’s Son го истражува животот на младиот Исус Христос и неговото семејство. Станува збор за мрачна приказна за семејство што се крие во Египет.
Николас Кејџ ќе го игра Карпентер (Џозеф од Библијата), а Ноа Јуп ќе го игра момчето (Исус), пренесува „Дедлајн“. Режисерот Нејтан најде инспирација за хорор-филмот во Евангелието на Тома од детството, кое датира од 2 век од нашата ера.
Не е познато кога ќе почне снимањето на филмот, ниту кога гледачите ќе може да го гледаат во кината или на стриминг-сервисите.