Забава
Подновениот Биг Бен спремен да ја означи Новата година
Камбаните на лондонскиот Биг Бен ќе зачукаат точно на полноќ на новогодишната ноќ, со што ќе се одбележи почетокот на една година.
Но, вечерва Биг Бен – една од главните знаменитости на Лондон и Велика Британија генерално – ќе зачука со ново лице.

Новиот изглед, кој медиумите во Британија го нарекоа „фејслифт“, е првата фаза на сè уште недовршената реставрација на кулата, парламентот и придружните објекти.
Кулата Елизабета висока 96 метри – еден од најфотографираните објекти во Велика Британија – обвиена е во скелиња во последните две години, а во меѓувреме четирите часовници беа повторно застаклени, железната плоча претрпе преправки, а изрезбаните камења беа исчистени и исполирани.

Во март, дел од скелето беше отстрането, покажувајќи дека некогаш црните бројки и стрелки на часовникот сега се обоени во сино, што впрочем, како што тврдат научниците, е неговата оригинална боја.
Откако започнаа реставраторските работи во 2017 година, Биг Бен молчеше речиси цело време, освен за неколку важни настани.
Последен пат зачука на 11 ноември, на Денот на примирјето (кој се нарекува и Ден на сеќавање на припадниците на вооружените сили кои загинале на должност). Го означува крајот на Првата светска војна во 11 часот, на 11-ти ден од 11-ти месец.
Парламентот соопшти дека камбаната била тестирана неколку пати во пресрет на новогодишната ноќ.
Реставрацијата на целата кула Елизабета, која ќе чини 61 милион фунти (108 милиони американски долари), има за цел да ја санира, реконструира и да ѝ го врати оригиналниот дизајн.
Реконструкцијата на кулата треба да заврши во 2021 година, по што ќе следи реставрација на целата зграда на парламентот, а тоа ќе чини четири милијарди фунти.

©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) Дамијано Давид и Дов Камерон со романтична фотографија – уште една свршувачка што го следи трендот
Пејачот Дамијано Давид и актерката Дов Камерон се приклучија на листата на славни парови кои јавно ги објавија своите свршувачки. Двојката ја потврди веста преку социјалните мрежи, споделувајќи заеднички фотографии со ненаметлива и интимна атмосфера, придружени со пораката: „Ќе биде убава година“.
Нивната свршувачка се вклопува во поширок тренд на сè почести јавни свршувачки меѓу славните личности, кои денес најчесто се комуницираат преку внимателно избрани фотографии и кратки пораки. Сè почесто се забележува поместување кон поедноставни и поавтентични објави, со акцент на рамноправноста на партнерите и личниот избор, наместо на спектакл и гламур.
View this post on Instagram
Најголем број свршувачки се случуваат во таканаречената „сезона на прстени“, од крајот на ноември до февруари, кога се реализираат меѓу 37 и 47 проценти од сите годишни свршувачки. Најпопуларни датуми се Бадник, Божиќ, Нова година и Валентајн, а декември е убедливо најчестиот месец за запросувања.
Фото: ЕПА
Забава
(Фото) Сидни Свини позира целосно гола инспирирана од Мерилин Монро
Сидни Свини позирала целосно гола за насловната страница на годишното издание на списанието W Magazine, посветено на најдобрите актерски остварувања. Фотосесијата е инспирирана од изгледот на Мерилин Монро, а актерката на фотографиите носи само накит.
Во интервју за списанието, Свини зборуваше за одвојувањето од улогите што ги толкува, посебно по трансформацијата за ликот на боксерката Кристи Мартин. Таа неодамна ги демантираше и гласините за естетски зафати, истакнувајќи дека не направила никакви операции.
View this post on Instagram
Забава
Најчестите грешки што ги правиме при подготовка на сарма
Сармата е едно од јадењата чија подготовка бара внимание на многу детали, бидејќи одредени грешки можат целосно да го расипат вкусот. Од изборот на зелката до начинот на готвење, ситниците ја прават разликата меѓу сочна, мека сарма и онаа преварена или без вкус.
Една од најчестите грешки се случува уште на самиот почеток – ако зелката е пресолена или претврда, тоа може да го уништи целото јадење. Листовите треба да се исплакнат под млаз вода и, по потреба, кратко да се натопат, но не толку долго за да го изгубат целиот вкус, пишува „Кликс“.
Друга честа грешка при подготовка на сарма е прескокнувањето на сечењето на дебелите жили. Ако не се истенчи средишниот дел од листот, сармата нема убаво да се свитка и ќе се вари нерамномерно.
Проблем може да биде и користењето премали листови зелка кои не се погодни за моткање, туку за редење на дното од садот. Форсирањето совршен облик на сармата често завршува со пукање на листовите. Освен тоа, голем дел од проблемите со сармата доаѓаат од филот. Најчеста грешка е пресув фил и преголема количина ориз.
Оризот во сармата има своја улога, но ако се додаде премногу, за време на готвењето ќе набубри, ќе ја впие течноста и ќе ја претвори сармата во тешка смеса без сочност.
Една од грешките е и користењето немасно месо или претерана штедливост со маснотијата. За да останат сочни, на сармите им е потребна маснотија бидејќи долго се варат. Филот мора да биде избалансиран – со доволно месо, умерена количина ориз и добри зачини.
Честа грешка при варењето на сармата е и нејзиното превртување, како и претерувањето со сосот, бидејќи сосот треба да ги поврзува вкусовите, а не целосно да го преземе јадењето.
Фото: pexels

