Забава
Момче оштети слика на Пикасо вредна 20 милиони фунти
Слика на Пабло Пикасо, чија вредност се проценува на 20 милиони фунти, е оштетена при вандалски чин во лондонската галерија „Тејт модерн“, а осомниченото момче е обвинето за кривично дело нанесување материјална штета.
Галеријата ја повлече сликата од 1944 година од изложбата додека не се утврди штетата, а според некои извештаи, платното е скинато.
Вандалскиот чин се одиграл во саботата, а осомничениот 20-годишен Шекил Маси вели дека ќе ги негира наводите во обвинението.
Тој е задржан во притвор до сослушувањето пред судењето закажано за 30 јануари.
Од „Тејт“ изјавија дека делото што ја прикажува љубовницата на Пикасо, Дора Мар, е создадено во мај 1944 година во Париз во последните месеци од нацистичката окупација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Ким Кардашјан ги шокира луѓето со фустан на Мет гала: „Како може воопшто да дише во ова?
Синоќа, се одржа годинешната Мет гала, најпрестижниот моден настан во светот, а меѓу многуте ѕвезди се најде и Ким Кардашјан, чиј фустан привлече големо внимание.
Имено, Ким се појави во проѕирен сребрен фустан од Џон Галијано, кој вклучува корсет и е украсен со листови. Корсетот привлече големо внимание кај луѓето на социјалните мрежи, а многумина се прашуваа како реалната ѕвезда успеа да се вклопи во него. Некои коментираа дека ги извадила ребрата за да изгледа што послабо, а многумина се загрижиле за нејзиното здравје бидејќи не разбирале како дише во тесен корсет.
I can’t wait for someone interview Kim so I can watch her try to take enough air into her diaphragm to say a sentence #MetGala pic.twitter.com/BywGAH2HEC
— Libby (@Libbotomy) May 7, 2024
„Едвај чекам некој да ја интервјуира Ким за да можам да ја гледам како се обидува да внесе доволно воздух во нејзината дијафрагма за да каже реченица“, коментира еден корисник. „Како дише Ким Кардашјан? Нејзината половина изгледа толку мала“, рекол друг. „Половината на Ким Кардашјан е апсурдна. Нема да бидам хејтер, но всушност е загрижувачка, особено кога луѓето сакаат да бидат како неа“, напиша трет.
„Ким Кардашјан изгледа како да не може да дише. Тој корсет изгледа толку непријатно, но изгледа добро“, „Не ми се допаѓа Ким Кардашјан и не ми е гајле за неа, но тој корсет мора да боли како пеколот“, беа некои од коментарите.
Инаку, годинешниот официјален дрескод за настанот беше – градина на времето. Темата го добила името по расказот на британскиот писател Џ. Г. Балард од 1962 година, сместен во градина исполнета со проѕирни цвеќиња, кои манипулираат со времето. Како и претходните години, така и оваа, црвениот тепих на њујоршкиот музеј на уметноста, „Метрополитен“, беше преплавен со прекрасни креации, кои тешко може да се видат на друго место.
Забава
Модни киксови на Мет гала – од мрежа за комарци на главата до фустан балон
Мет гала долго ќе се памти по најдобрите изданија на црвениот тепих од синоќешната церемонија во музејот „Метрополитен“ во Њујорк, но и по модните грешки. Не е тешко да се згреши на модниот настан на годината, критериумите се високи, а модните предизвици во форма на темата на настанот и кодексот на облекување честопати се премногу напорни.
Во исто време, модната ревија е под лупа и од љубители на модата и разни критичари, а конкуренцијата е исклучително силна.
Амелија Греј Хамлин со фустанот балон влезе во листата на модни неуспеси на Мет гала 2024 година. Сара Џесика Паркер носеше сличен крој на Мет гала и доби главно позитивни критики.
Пејачката Лана дел Реј се појави во необично модно издание, кое се споредува со мрежа за комарци. Музичката ѕвезда со прекрасен глас се водеше од принципот на ексцентричност што го сака Мет гала. Настанот бара и костими, па дури и малку бизарност, но сето тоа треба да биде дозирано.
Пејачката Дуа Липа се појави во костим како од „Мулен руж“, а погледот одзади ѝ ја открива тангата.
Ниту на Кара Делевињ, чиј дел од облеката е направен од кристали, не ѝ појде од рака, па влезе во листата на модните грешки.
Забава
(Видео) Украинската претставничка падна на евровизиската сцена: имаше голем пех пред полуфуналето
Снимка од познатата украинска раперка ги обиколи социјалните мрежи.
Аљона Аљона и Џери Хејл, кои годинава ја претставуваат Украина на Евровизија, имаа лоша среќа на една од пробите. Додека Џери пееше, раперката Аљона Аљона почна да излегува на сцената за да си го одработи својот дел, а потоа се сопна и падна на бината.
oh HELL NO….. pic.twitter.com/74rCHG2L4S
— 𝐊𝐇𝐀𝐂𝐇𝐎 🇦🇲🇺🇦 (Jerry Heil's husband) (@KUNT60D41N) May 6, 2024
Видеото се појави на социјалната мрежа „Икс“ (поранешен „Твитер“).
Инаку, Украина има големи шанси да се пласира во финалето и важи за еден од главните фаворити за победа оваа година. Обложувачниците им предвидуваат трето место, но ситуацијата се менува од час на час. Сепак, пред тоа треба да го минат првото полуфинале, кое се одржува вечерва.
Вечерва, покрај Украинките, ќе настапат и претставници на Кипар, Литванија, Ирска, Полска, Хрватска, Исланд, Словенија, Финска, Молдавија, Азербејџан, Австралија и Луксембург.
В четврток ќе настапат натпреварувачи од Малта, Албанија, Грција, Швајцарија, Чешка, Австрија, Данска, Ерменија, Латвија, Сан Марино, Грузија, Белгија, Естонија, Израел, Норвешка и Холандија.
Директни финалисти се Велика Британија, Италија, Германија, Франција, Шпанија и домаќинот Шведска.