Забава
Џастин Бибер открива ексклузивни снимки од неговата свадба
Поп-ѕвездата, кој во септември се ожени со манекенката Хејли Болдвин, месецов на „Јутјуб“ ќе објави документарен филм во 10 продолженија.
Серијалот насловен Justin Bieber: Seasons ќе почне на видеоплатформата на 27 јануари. Во меѓувреме тој го привршува долго очекувантиот албум, прв по пауза од четири години. Во 2017 година Џастин ги шокираше фановите со откажување на неговата светска турнеја.
Документарецот ќе им овозможи на фановите да погледнат во личниот живот на Џастин со никогаш претходно видена интимна снимка од неговата венчавка.
Во изјавата се вели: „Филмот е сиров, моќен и интимен поглед на процесот на создавање музика и мотивација за новиот албум раскажан низ објективот на неговите најблиски пријатели, соработници и самиот Бибер“.
Џастин (25) и Хејли (23) се венчаа во септември 2018 година. Сите нивни пријатели и семејството присуствуваа на раскошната свадба во Јужна Каролина.
Филмот ги бележи моменти од приватниот живот на хитмејкерот во 10.000 часови, откако за првпат ја почна својата музичка кариера објавувајќи домашни видеа од него како пее на видеоплатформата.
Подоцна го открил менаџерот за таленти Скутер Браун и му бил понуден првиот договор за снимање со Исланд Деф Џем кога имал 15 години.
„Кога започнав ‘Јутјуб’ ми обезбеди платформа и заедница каде можам да споделам музика, искуства и моменти со моите обожаватели. Убаво е чувството да бидеш партнер со ‘Јутјуб’за оваа оригинална серија документарци. Сакам моите фанови да бидат дел од ова патување“, вели пејачот.
Џастин денес (3 јануари) треба да го објави својот нов сингл Yummy, а во мај тргнува на турнеја низ Северна Америка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие
Емили Ратајковски присуствуваше на настанот The King’s Trust Global Gala што се одржа во Casa Cipriani во Њујорк, каде што ги привлече погледите со храбар фустан.
Познатата убавица носеше свилен крем фустан со длабоко деколте, кој допираше речиси до нејзиниот папок, а кој ја истакна нејзината витка линија. Фустанот имал и гол грб и бил врзан околу вратот.
The King’s Trust Global Gala е основана од британскиот крал Чарлс III. со цел да им се помогне на младите, а свечениот настан собра многу познати фаци, како моделот Ирина Шајк, актерката Кејт Бекинсејл, славната двојка Криси Тајген и Џон Леџенд, поранешната манекенка Кејт Мос и плус сајз моделот Ешли Греам.
Забава
Мишел Фајфер се појави на црвениот тепих, обожавателите се восхитени од нејзината убавина
Актерката Мишел Фајфер не се појавува често во јавноста, но сега позираше со сопругот Дејвид Е.Кели на црвениот тепих на Американскиот филмски институт во Лос Анџелес. Обожавателите се восхитуваат на нејзиниот изглед во 67-та година и пишуваат дека изгледа како да не старее.
Иконската жена-мачка често зборува за тоа како го прифатила стареењето и се фотографира без шминка. Иако изгледа како да го должи својот фантастичен изглед на посебни скриени трикови, таа тврди дека работата е многу едноставна.
Таа претходно за Daily Mail откри дека доволно спие, вежба и се храни здраво.
Забава
(Видео) Ен Хатавеј доживеа незгоден момент во шоуто на Џими Фалон
41-годишната оскаровка Ен Хатавеј гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон. Ен е една од ѕвездите на филмот The Idea of You, каде ја игра самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го игра Николас Галицин.
Филмот е снимен на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Актерката имаше прилично непријатен момент во шоуто кога ја спомна книгата на Робин и ентузијастички ја праша публиката: „Дали некој овде ја прочитал книгата?“
“We don’t read. This is the Tonight Show. You wanna go over to Stephen Colbert if you wanna get people that read books.”
You could hear a PIN DROP I’m fucking crying help ??? 💀 pic.twitter.com/0B6Q0b53jY
— Taylor Robinson (@finelytaylored) April 30, 2024
Одговорот на публиката беше – целосна тишина. Од нејзиниот израз се виде дека е засрамена и шокирана од недостатокот на реакција на публиката, но Џими Фалон веднаш се вклучи за да ја спаси.
Тој рече: „Не, не читаме“. Таа досетка ја прекина тензијата во студиото, а публиката и актерката се насмеаа.