Свет
Шефот на иранската дипломатија: Нападот врз културните цели ќе се смета за воено злосторство

Иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф, на својот профил на „Твитер“ напиша дека доколку Соединетите Американски Држави ги нападнат културните места во Иран, тоа би се сметало за воено злосторство.
„Нишанењето на културните локации е воено злосторство“, напиша Зариф.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно на својот профил на „Твитер“ се закани дека САД имаат 52 цели во Иран, од кои некои се на многу високо ниво и важни за Иран и иранската култура, како одговор на секој потенцијален напад на Иран по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Роџер Кук: Американскиот потпретседател Венс е празноглав човек кој влезе во американската политика

Премиерот на австралиската држава Западна Австралија, Роџер Кук, го нарече американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс „празноглав“, кој влезе во американската политика.
Тој ова го изјави на предизборен митинг во Перт, во пресрет на изборите во таа австралиска држава, на кои беше гостин говорник, пишува Гардијан.
На новинарско прашање дали администрацијата на Доналд Трамп претставува „темен пат“ за светот, тој одговори дека новиот американски претседател носи неизвесност.
Потоа се извини, велејќи дека сигурно имал „непрофесионален момент“. Тоа беше безгрижен, непрофесионален момент и не сакав никого да навредам.
„Кога го кажав тоа, имаше многу аплауз во просторијата, па можеби некои луѓе уживаа во забавата што доаѓаше со него. Можеби други луѓе се навредени и се извинувам“, изјави Кук.
Кук се бори за трет мандат. Венс се соочува со критики од американската јавност по неговата средба со Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски во петокот, поради тонот со кој му се обраќаше на украинскиот претседател, пренесува Танјуг.
Европа
Унгарија ја поддржува одлуката на Трамп да ја прекине воената помош за Украина

Унгарската влада изрази поддршка за одлуката на администрацијата на Доналд Трамп да ја прекине воената помош за Украина додека земјата се брани од руската инвазија и нелегалната анексија на нејзината територија.
Портпаролот на владата на Виктор Орбан рече: „Претседателот на САД и унгарската влада го делат истиот став: наместо продолжување на испораката на оружје и војна, потребно е прекин на огнот и мировни преговори што е можно поскоро“.
Свет
Полскиот министер: Суспендирањето на американската воена помош за Украина е лоша вест

Суспендирањето на американската воена помош за Украина е лоша вест, изјави денеска полскиот заменик министер за одбрана Сезари Томзик.
Американскиот претседател Доналд Трамп нареди прекин на воената помош за Украина по вербалната расправија меѓу него и украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба во петокот, објави Си-Ен-Ен, цитирајќи извор од Белата куќа. „Претседателот (Доналд Трамп) е јасен дека е фокусиран на мирот. Нашите партнери исто така треба да бидат посветени на таа цел“, рече изворот. Според него, помошта ќе биде суспендирана додека Трамп не биде сигурен дека Зеленски е подготвен да започне мировни преговори.
Суспензијата се однесува на целата воена опрема што се уште не пристигнала во Украина. Овој потег на Америка уследи по минатонеделната средба меѓу Трамп и Зеленски во Овалната соба, која се одвиваше во тензична атмосфера, со повремени довикувања меѓу двајцата лидери.
Зеленски ја напушти Белата куќа по „гневната размена“ со Трамп и американскиот потпретседател Џ.Д. Венс. Трамп на својата платформа „Truth Social“ објави дека Зеленски „покажал непочитување“ кон САД во Овалната соба, пренесува Танјуг.