Забава
Авторот на серијата „Грдата Бети“ пронајден мртов во хотелска соба

Силвио Хорта, авторот на американската хумористична ТВ-серија „Грдата Бети“, е пронајден мртов во хотелска соба во Мајами. Имал прострелни рани од огнено оружје, пишува Independet.co.uk. Неговиот портпарол ја потврди веста за медиумите, но детали за трагедијата сè уште не се познати.
Хорта е најпознат по серијата „Грдата Бети“, која почна да се емитува на американската ТВ-мрежа АБЦ на 28 септември 2006 година и имаше четири сезони. Серијата освои два „Златни глобуса“.
Главната улога на Бети Суарез ја имаше Америка Ферера (35), која се збогува со својот колега преку социјалната мрежа.
Силвио е роден во Мајами, а неговите родители се од Куба. Дипломирал филмска уметност на престижниот универзитет во Њујорк. Талентираниот уметник се пробил на сцената во 1998 година кога го напишал сценариото за хоророт „Урбана легенда“ во кој глуми Џаред Лето. Се префрли на телевизија во раните 2000. На 19 години тој му признал на своето семејство дека е хомосексуалец, во што тоа го поддржало.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Андријана Јаневска ја изведе „Ако утре ме нема“ од ДНК: Еден од најтешките настапи во мојата кариера…

„Еден од најтешките настапи во мојата кариера… ‘Ако утре ме нема’ од ДНК ја изведов во придружба на Битолскиот камерен оркестар и Благојче Трајковски на кларинет“, напиша пејачката Андријана Јаневска на социјалните мрежи и објави снимка од настапот.
Забава
(Видео) Ед Ширан настапи на улица и ги воодушеви минувачите

Британскиот пејач и текстописец Ед Ширан ги воодушеви обожавателите, минувачите и патниците со уличен настап во Лондон.
Ширан (34) свиреше на акустична гитара пред железничката станица Кингс Крос во петокот, облечен во впечатлива розова маица. Тој ја изведе новата песна „Азизам“, како и хитовите Perfect, Bad Habits и Shivers.
View this post on Instagram
Пејачот, познат по хитовите Shape of You и Thinking Out Loud, по настапот напиша објава на „Инстаграм“, во која атмосферата ја опиша како неверојатна.
Една случајна минувачка, која чекала меѓу возовите, изјави дека имала неверојатна среќа што била сведок на таква ѕвездена изведба.
Забава
Принцот Хари не сака Меган да објавува фотографии од децата?

Принцот Хари наводно не е премногу среќен што неговата сопруга Меган Маркл ги користи децата за да го промовира својот нов бренд As Ever.
Кралскиот уредник на британски „Сан“, Мет Вилкинсон, тврди дека војводата и војвотката од Сасекс не се синхронизирани кога станува збор за објавување фотографии од нивните деца, принцот Арчи (5) и принцезата Лилибет (3) ,на социјалните мрежи.
„Колку што сум запознаен, Хари би сакал неговите деца да останат надвор од очите на јавноста до одредена возраст“, рече Вилкинсон во петокот во A Right Royal Podcast.
View this post on Instagram
Од друга страна, Вилкинсон тврди дека Меган има поинаков став: „Таа порасна во Калифорнија и претходно веќе кажа дека сака да има калифорниски начин на живеење – да ги однесе на плажа, да излезат, да бидат активни“. „Таа не сака да ги крие“, рече новинарот иако забележа дека Маркл сè уште не ги покажува јасно лицата на своите деца, туку ги користи за да го претстави својот имиџ како мајка и домаќинка. „Хари, веројатно, не е премногу среќен поради тоа“, додаде Вилкинсон.