Забава
(Видео) Стриптизетата поднесе тужба против Џенифер Лопез, бара 40 милиони долари отштета
Џенифер Лопез (50) стана цел на негативни коментари поради нејзиното учество во филмот „Хастлерс“.
Продукциските куќи на Лопез се соочуваат со тужба од 40 милиони долари поднесена против неа од страна на Саманта Барбаш (47), според чиј живот е снимен еден од најпопуларните филмови во 2019 година, пренесува ТМЗ.
Во документите доставени до судот пишува дека луѓето од продукцијата ѝ пристапиле на Саманта Барбаш пред да почне снимањето и ја замолиле да им даде согласност за снимање на филмот, како и да потпише дека се откажува од сите права на филмот. Таа ја одбила понудата.
Филмот е снимен според напис во „Њујорк тајмс“ во кој детаљно се опишани настаните од животот на Саманта, со акцент на нејзината работа како стриптизета во познат стриптиз-клуб во Њујорк.
Саманта тврди дека продуцентската куќа на пејачката ги користела нејзиниот лик и дело без нејзина дозвола и дека била наклеветена во нејзината изведба.
Џенифер Лопез за својата улога во „Хастлерс“ беше номинирана за наградата „Златен глобус“ за најдобра споредна улога во игран филм.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Никогаш не е доцна за љубов, вели новиот партнер на Џенифер Анистон
Новиот партнер на Џенифер Анистон, Џим Кертис, изјави дека никогаш не е доцна да се најде љубов, пренесе „Пипл“.
На прашање како да се пронајде љубов по 40-тата година, Кертис одговорил дека тоа се прави исто како и на 22 или 32 години – но со повеќе самодоверба, искуство и автентичност.
„Прво сакајте се себеси и знајте дека сте во совршени години“, рекол тој, додавајќи дека „животот не завршува на 42“.
Кертис и Анистон првпат биле видени заедно во јули, а потоа и на премиерата на новата сезона на серијата The Morning Show и на заедничка вечера со актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга. Според извор за „Пипл“, „тие повремено излегуваат и уживаат во дружењето“.
Забава
Дали знаевте дека во Европа постои село на Штрумфовите? Сè е сино!
Фото: Селото Júzcar, скриено во срцето на Андалузија, Шпанија, со своите сини куќи и ѕидни мурали инспирирани од Штрумфовите, стана една од најнеобичните европски атракции.
Во срцето на Андалузија, во Шпанија, се наоѓа необично место – селото Хускар (Júzcar), познато како „селото на Штрумфовите“, каде што сите куќи се обоени во сино.
До 2011 година, Хускар бил обично бело андалузиско село, сè додека продукциската куќа „Сони“ не го избрала за промоција на анимираниот филм Штрумфови, целосно обоивши го во препознатливата сина боја.
View this post on Instagram
По завршувањето на кампањата, куќите требало повторно да се вратат во бело, но мештаните одлучиле да ја задржат сината боја, откако туристите почнале масовно да пристигнуваат. Денес, селото е познат туристички бисер – украсено со мурали од Штрумфета, Папа Штрумф и Гаргамел, големи скулптури од печурки и патеки за прошетки меѓу зелените планини.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Хускар, кој некогаш бил индустриско село, денес живее од туризмот и гордо го носи прекарот – „најсинoто село во светот“.
View this post on Instagram
Забава
Ѕвездата на „Очајни домаќинки“: Не сум била под нож, да се биде жена е тешко, стареењето е тешко
Холивудската ѕвезда Тери Хачер, позната по серијата Очајни домаќинки, во ново интервју изјави дека никогаш не се подложила на естетска операција, иако призна дека не ја исклучува можноста во иднина.
Во подкастот „Д Скини Конфиденшл Хим енд Хер Шоу“ таа истакна дека ѝ пречи неискреноста на познатите жени кои тврдат дека не направиле ништо, а очигледно имаат естетски зафати.
„Кога славните лажат, сите други се чувствуваме лошо“, рече актерката, додавајќи: „Да се биде жена е тешко, стареењето е тешко.“
Хачер објасни дека нејзиното решение за стареењето е „внатрешна работа – интелектуална и емоционална“, а не пластична хирургија.
Таа се осврна и на двојните стандарди во Холивуд: „Светот е поблаг кон стареењето на мажите. Тие и на 70 изгледаат како ’најсексапилни живи луѓе‘, а жените постојано се под лупа.“

