Контакт

Забава

„Квин“ плус Адам Ламберт ќе учествуваат на концертот Fire Fight Australia следниот месец

Објавено пред

„Квин“ плус Адам Ламберт се на врвот на списокот со пејачи што ќе бидат дел од добротворниот концерт Fire Fight Australia, кој ќе се одржи на стадионот ANZ во Сиднеј на 16 февруари.

dobivaj vesti na viber

„’Квин’ + Адам Ламберт“ е соработка помеѓу активните членови на британскиот рок-бенд „Квин“ и американскиот вокал Адам Ламберт.

Во услови на разорни пожари во целата земја концертот има цел да собере финансиски средства за полесно справување со последиците од огнената стихија.

Промоторите TEG Dainty и TEG Live се во разговори со неколку светски уметници и локални ѕвезди да настапат во добротворниот настан, хит-мејкерите на We Will Rock You (групата „Квин“) и нивниот фронтмен би можеле да бидат поставени на врвот на листата со изведувачи имајќи предвид дека ќе настапат на истиот стадион ноќта претходно.

 

Иако сè уште не е потврдено, гитаристот Брајан Меј изрази загриженост и ги испрати своите молитви до народот на Австралија, чии домови се уништени од серијата пожари, а најмалку 20 луѓе трагично ги загубија своите животи.

Активист за права на животните ја пофали „помладата генерација“ за нивните напори да го спасат животинскиот свет, вклучително и кенгурите.

Гитаристот Брајан има и семејство во Австралија и се надева дека ќе го види кога групата ќе ја почне својата турнеја „Рапсодија“ следниот месец.

Покрај ужасните слики со животни што кружат на интернет, Брајан напиша: „Не можам да престанам да размислувам за трагичните пожари во Австралија“.

„Се чувствувам беспомошно. Имам многу членови на семејството во Австралија и се надевам дека ќе ги видам за еден месец во текот на нашата планирана турнеја низ Австралија.“

„Младата генерација е вклучена во битката против пожарите на островот Кенгуру. Респект.“

Објавата за планираниот добротворен концерт гласи: „Ова е голем музички настан на кој ќе учествуваат светски познати уметници од Австралија и од целиот свет, кои ќе покажат солидарност со луѓето чии животи беа загрозени од пожарите“.

Познати личности, како Кајли Миног, Пинк, Никол Кидман и актерот Крис Хемсворт, донираа пари во борбата против застрашувачките пожари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

(Фото) Ќерката на Кетрин Зета-Џонс во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 20 години

Објавено пред

Се чини дека настанот во Њујорк, наречен „PAC NYC Icons of Culture Gal“, бил семеен излет за Карис Зета Даглас и нејзиниот татко Мајкл Даглас.

dobivaj vesti na viber

Таткото и неговата сакана ќерка блескаа на црвениот тепих, а многумина беа воодушевени од црниот фустан од чипка што го носеше 22-годишната Карис.

Имено, станува збор за винтиџ парче кое првично го носеше актерката Кетрин Зета Џонс на церемонијата за воведување во Рокенрол куќата на славните. Сега, 20 години подоцна, нејзината ќерка го носи.

Карис го комплетираше стајлингот со едноставни црни чевли и црвени обетки, што го направи изгледот беспрекорен.

Патем, Карис откри за списанието „Пипл“ дека го сака винтиџ стилот и дека не е љубител на брзата мода од еколошки причини. Поради оваа причина, таа често избира да ги носи старите работи на нејзината мајка.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Фантазија на црвениот тепих: Ен Хатавеј го носи најубавиот огнен фустан

Објавено пред

Откако нè почасти со неколку трендовски изгледи за време на снимањето на долгоочекуваното продолжение на „Ѓаволот носи Прада“, актерката Ен Хатавеј блесна во елегантен, романтичен изглед на настанот WWD Honors.

dobivaj vesti na viber

Таа го носеше можеби најубавиот црвен фустан што некогаш сме го виделе, докажувајќи, по којзнае кој пат, зошто е модна икона.

Холивудската ѕвезда се појави во спектакуларен црвен фустан од италијанската модна куќа Валентино кој раскажува бајковита, носталгична приказна за времето кога холивудскиот гламур беше насекаде околу нас.

Беше направен од тенки прерамки, тесен горен дел како корсет, но и нежни повеќеслојни набори од тил кои се спуштаа по линијата на телото и создаваа луксузна динамика додека одеше.

Прерамките врзани во машна во центарот на рамото, исто така, му даваат на фустанот дополнителна доза на женственост, а машната го краси и средниот дел од фустанот, под стомакот.

Ен носеше салонки во иста боја со оваа совршена креација, но ја задржа косата едноставна, а шминката суптилна, како што речиси секогаш прави. Косата ѝ беше собрана од лицето, а накитот беше дискретен, па фокусот беше на самата креација и нејзината гламурозна убавина.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Забава

(Фото) Вљубена и во тренд: маичката на Џенифер Анистон станува моден хит

Објавено пред

Актерката Џенифер Анистон не се појавува толку многу на јавни настани и се чини дека не сака да привлекува внимание кон себе, иако го заслужува. Само повремено објавува нешто на социјалните мрежи и веднаш станува вирална.

dobivaj vesti na viber

Џенифер со децении негува едноставен и лежерен стил кога станува збор за секојдневните изданија. Таа е можеби најслична на кралицата на уличната мода, Кејти Холмс, а една од нејзините најнови објави на Инстаграм воодушеви.

Актерката позираше во обични тексас фармерки, бели патики и бела маичка, што привлече најголемо внимание.

Според „Пејџ Сикс“, станува збор за маица „Perfectwhitee“ изработена од рециклиран памук, а нејзината цена е околу 57 евра, што е во ред за некои, а можеби премногу за некои за обична бела маица.

Сепак, овој модел, иако едноставен и еднобоен, е погоден за бројни комбинации, па можете да ја носите сама, под јакна, под тексас јакна.

Џенифер Анистон ги носеше моделите на гореспоменатиот бренд неколку пати, а покрај неа, ги обожаваат и други познати личности, како што се Џесика Алба и Џенифер Лопез.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ10 минути

Уапсен возачот кој удри 11-годишно девојче на улицата „Перо Наков“ и избега

Вчера околу 19:30 часот, по преземени оперативни мерки, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија...

Македонија17 минути

Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк

На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа...

Македонија26 минути

Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство...

Свет44 минути

Бројот на жртви од ураганот Мелиса расте: пристигнаа првите хуманитарни летови

Ураганот Мелиса повеќе не е закана за карипските земји, но разорната бура одзеде најмалку 50 животи и предизвика штета од...

Свет2 часа

Кина му се закани на Тајван; Лаи одговори, па го претстави првиот тенковски баталјон „Абрамс“

Тајван не ја сака кинеската „една земја, два система“ и мора да ја задржи својата слобода и демократија и да...

Свет2 часа

(Видео) Силно невреме го погоди Њујорк, двајца мртви

Обилни дождови го погодија Њујорк, при што загинаа две лица, изјави градоначалникот Ерик Адамс, додека бурите ги попречија летовите, а...

Европа2 часа

(Видео) Голем напад врз Русија: украинските дронови ја таргетираат енергетската инфраструктура

Во текот на ноќта напади со беспилотни летала беа регистрирани врз енергетската инфраструктура во неколку руски региони, вклучувајќи ги регионот...

Македонија12 часа

На Скопје не му требаат експерименти и луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа, порача Ѓорѓиевски од митингот во Скопје

Стоиме заедно во пресрет на конечната одлука, ова е одлука за судбината на нашиот град. Одлука за тоа во каков...

Македонија12 часа

Мицкоски најави 70 проекти: Нашата цел не е само политичка победа, почнуваме со нови училишта, болници, мерки за чист воздух, инвестиции

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се обрати на народниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија’’ од пред платото на...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски: Веќе имаше дебата со Мециновиќ, вечерва одбрав да бидам со мојот народ

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, се огласи откако партијата Левица го прозва дека одбил учество...

Македонија15 часа

Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице

Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“  одговори на излегувањето на Изет Меџити,...

Македонија19 часа

(Видео) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

Стевчо Јакимовски и неговата градежна дружина сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница. Да ја потсетиме јавноста што...

Македонија19 часа

Александар Јовановски нов директор на „Комунална хигиена“ – Скопје

Александар Јовановски е нов директор на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. Тој доаѓа од Град Скопје како инспектор во Секторот за...

Свет24 часа

(Видео) Масовен руски напад врз Украина, лансирани дронови и ракети: оштетени станбени згради

Повеќето украински региони останаа без електрична енергија по уште еден масовен руски напад со ракети и дронови врз цивилна и...

Европа1 ден

Франција го менува законот за силување по случајот со Жизел Пелико

Сенаторите вчера ги одобрија измените во францускиот закон за силување што би вклучувале експлицитна согласност, со што законодавството на земјата...

Свет1 ден

Трамп: Средбата со Шји беше неверојатна

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја опиша денешната средба со кинескиот претседател Шји Џјинпинг како неверојатна пофалувајќи ги кинескиот лидер...

Свет1 ден

По 30 години, Трамп нареди тестирање на американско нуклеарно оружје

Пред средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг, американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на Министерството за одбрана на САД веднаш...

Свет1 ден

(Видео) Ураганот предизвика огромна штета: премиерот на Јамајка објави снимки од воздух

Бројот на жртви од ураганот Мелиса се зголеми додека минуваше покрај Куба и се движеше кон Бахамите, еден ден откако...

Европа1 ден

Орбан: Европејците сакаат да почнат војна, ние не сакаме да се бориме

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави започнување на антивоена кампања, која ќе биде придружена со мировни собири низ цела Унгарија. „Опасноста...

Свет1 ден

Заврши средбата меѓу Трамп и кинескиот претседател

Американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со кинескиот претседател Кси Џинпинг во јужнокорејската воздухопловна база, при што двајцата лидери звучеа оптимистички...