Забава
Малиот Пикасо го тресе германскиот уметнички свет
Микаил Акар не трепери додека камерите летаат околу него. Роден во 2012 година, германскиот уметнички гениј половина од животот го помина во центарот на вниманието.
Со својот пругав џемпер, недефинирана насмевка и сонот да стане професионален фудбалер, Акар изгледа како и секое друго седумгодишно момче.
Сепак, малиот Микаил, роден во Келн, е експресионистичко дете-чудо, кое ја зазеде меѓународната уметничка сцена.
Германските медиуми го нарекуваат претшколски Пикасо, а неговите слики сега им се продаваат за илјадници евра (долари) на купувачи од целиот свет.
„Со седум години, тој е веќе етаблиран во светот на уметноста. За него има интерес во Германија, Франција и во САД“, изјави неговиот татко и менаџер, Керем Акар, за АФП.
Акар Постариот случајно го открил големиот талент на својот син пред неколку години кога на неговиот четврти роденден му подарил платно и бои.
„Веќе купивме доволно автомобили играчки и акциони фигури. Првата слика изгледаше фантастично и најпрвин помислив дека ја нацртала мојата сопруга. На почетокот мислев дека можеби е само случајност, но со втората и третата слика беше очигледно дека има талент“, вели таткото на малиот уметник.
Талентот на Акар е видлив во неговата последна колекција, соработка со Германија и фудбалската ѕвезда на „Баерн Минхен“, Мануел Ноер.
Едно дело од колекцијата неодамна беше продадено за 11.000 евра (16.500 американски долари), при што приходите одат во добротворни цели за деца, односно во детската добротворна организација на Ноер.
Експлозија на бои што потсетува на Jексон Полок, делото е типично за апстрактниот експресионистички стил на Акар.
Седумгодишникот за АФП изјави дека негови идоли се Полок, Мајкл Џексон и Жан-Мишел Басквиат.
Тој има развиено и свои техники, како, на пример, нанесување боја со удирање на платното со боксерските ракавици на татко му.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Три хороскопски знаци ќе пливаат во пари во мај
Maj носи исклучителни финансиски можности за три хороскопски знаци. Благодарение на поволните планетарни соѕвездија, тие особено ќе ги почувствуваат придобивките од зголемувањето на нивните банкарски сметки. Еве кои се среќниците во месецот и што се крие зад нивната финансиска среќа.
Бик
Биковите ќе доживеат значителен финансиски успех во мај 2024 година благодарение на нивната упорност и практичен пристап. Со влегувањето на Венера, планетата на љубовта и парите во нивниот знак, Бикот може да очекува зголемување на приходите преку покачувања, бонуси или профитабилни инвестиции.
Овој земјен знак е познат по својата способност да работи напорно и трпеливо да чека резултати, кои сега конечно ќе се исплатат. Биковите треба да го искористат овој месец за долгорочни финансиски планови и инвестиции кои ќе обезбедат нивна стабилност.
Девица
Девиците ќе видат значително подобрување на нивната финансиска состојба во мај 2024 година, благодарение на Меркур, нивниот владетел и планета на трговијата, кој ќе влезе во поволен аспект со Јупитер, планетата на среќата и просперитетот. Оваа планетарна усогласеност поттикнува успех во преговорите, договорите и деловните потфати, особено оние кои вклучуваат детална анализа и прецизност.
Девиците треба да ги користат своите аналитички вештини за да ги идентификуваат најдобрите можности за заработка и паметно да ги инвестираат своите ресурси.
Стрелец
За Стрелците, мај 2024 година носи извонредни финансиски можности благодарение на Јупитер, нивната владејачка планета, која ќе се најде во хармоничен аспект со Плутон, кој поттикнува трансформација и обновување. Ова е идеално време за Стрелците да преземат ризици или да започнат нов деловен потфат кој може да биде исклучително профитабилен.
Нивната природна наклонетост кон оптимизам и авантуризам ќе ги доведе до можности што може да резултираат со значителна финансиска добивка.
Забава
Како изгледа денес Роуз од „Два и пол мажи“ која го демнеше Чарли
Хит серијата „Два и пол мажи“ се емитуваше од 2003 до 2015 година, а во главните улоги беа Чарли Шин, Џон Крајер и Ангус Т. Џонс.
Улогата на композиторот и женкар Чарли ја толкуваше Чарли Шин, се до кавгата со продуцентите кога беше заменет со Ештон Качер, а многумина се сеќаваат и на Роуз која со сите сили се трудеше да го освои неговото срце.
Улогата на Роуз ја толкуваше актерката Мелани Лински, која се прослави по оваа улога. Актерката минатата година постигна голем успех во кариерата со улогата во серијата “Yellowjackets”, но и покрај тоа се бореше со „стандардите за убавина“.
Таа изјави за „Њујорк Тајмс“ дека нејзината кариера првично се засновала на сценарија за „дебела пријателка“ или „смешна дебела жена“.
„Луѓето кои ја оценуваат мојата тежина и здравје се приказна за мојот живот уште од премиерата на “Yellowjackets”, напиша таа на мрежата „Х“ и додаде дека „да се биде слаб не секогаш значи да се биде здрав“.
Нејзиниот сопруг ја поддржал, пишувајќи на мрежата „Икс“: „Ако некој има несакани коментари за нечиј изглед, слободно нека ги напише со трајно мастило на челото и нека излезе директно на сонце“.
Забава
Луѓето родени во овие два хороскопски знаци не сакаат да готват
Готвењето е уметност – барем за некои луѓе. Меѓутоа, други секогаш ја избегнуваат кујната и често може да ги фатите како нарачуваат храна од ресторани. Тие луѓе можеби се родени во овие хороскопски знаци.
Водолија
Водолиите се современи визионери, а нивната имагинација често ги надминува секојдневните задачи како што е готвењето. Наместо да поминуваат време на сечкање зеленчук, тие веројатно се зафатени со создавање револуционерни идеи кои ќе го променат светот. Кујната е едноставно преполна и премногу рестриктивна за нив; тие попрво би откриле нови светови отколку да мешаат сосови.
Стрелец
За Стрелците светот е нивна авантура, а кујната е како темнина која едноставно не сакаат да ја истражуваат. Тие се премногу зафатени со мечтаење за нивната следна дестинација или планирање авантури, па кујната често ја нема на нивната мапа. Стрелците ја сакаат слободата и слободата на движење, а готвењето често ги спречува да истражат се што може да понуди светот.