Забава
(Видео) Јапонец се ожени со холограм, за свадбата потрошил 17 илјади долари

Акихико Кондо, 35-годишен администратор на училиште во Токио, стапи во брак со холограм. Неговата нова сопруга е пејачка во виртуелната реалност со име Хатсуне Мику. Анимираниот лик е 16-годишно девојче со тиркизна коса создадено од Crypton Future за софтверот Vocaloid. Нејзиниот глас е моделиран по јапонската актерка Саки Фуџита.
Компанијата „Гејтбокс“ креира декстоп-холограм на Мику за 2.800 долари. Бидејќи Кондо не можел да го стави венчалниот прстен на прстот на холограмот, тој користел играчка Мику за церемонијата. Тој дури ја однел куклата во продавницата за накит за да го добие вистинскиот прстен што ќе одговара на прстот на куклата.
Кондо ја поканил мајка си на свадбената церемонија, која чинела 17.600 американски долари, но таа одбила да присуствува. Таа не го одобрила неговиот брак со виртуелна личност. И покрај тоа што неговата мајка не се појавила, 40 други гости биле присути на церемонијата.
Кондо нема интерес за оформи врска со вистинска жена бидејќи отсекогаш имал проблем да комуницира со девојчиња.
„Мики-сан е жената што многу ја сакам и исто така таа што ме спаси“, рече тој. И покрај тоа што неговиот брак не е законски признат, Кондо не се грижи. Вели дека ќе ѝ остане лојален и верен на својата сопруга.
Тој дури има и сертификат за брак издаден од „Гејтбокс“, компанија која тврди дека има издадено 3.700 вакви сертификати, иако Кондо е првиот што имал свадбена церемонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.
Забава
Златното деколте на Лорен Санчез ја украде сцената на гламурната хуманитарна вечера

Лорен Санчез, сопругата на основачот на „Амазон“, Џеф Безос, блесна на четвртата „Керинг фор воман динер“ гала во Њујорк, дел од Неделата на модата.
55-годишната поранешна новинарка се појави во впечатлива златна сатенска тоалета без прерамки, со длабоко деколте. Луксузниот изглед беше заокружен со брановидна коса и дијамантски накит, додека Безос ја придружуваше во класичен смокинг.
На настанот присуствуваа и бројни холивудски ѕвезди, меѓу кои Салма Хаек со сопругот Франсоа-Анри Пино, Џесика Частејн, Мадона, Деми Мур и Џулијан Мур.
Годишната вечера, организирана од фондацијата Керинг, собира средства за поддршка на жени жртви на родово насилство и нивно економско оснажување.