Забава
Пејачката со која се забавува Илон Маск навести дека е бремена
Канадската пејачка Клер (Грајмс) Бушер, девојка на 14 години постариот сопственик на „Тесла“ и милијардер Илон Маск, навести дека е бремена.
Грајмс на својот инстаграм-профил објави топлес-фотографија на која брадавиците ѝ се прекриени со тактички позиционирани плетенки, а на стомакот ѝ е фотошопиран фетус.
Бидејќи нејзината фотографија беше цензурирана од „Инстаграм“, таа повторно ја објави, но овој пат и брадавиците во „Фотошоп“ исчезнаа.
Технолошкиот могул веќе има пет деца со поранешната сопруга Џастин Вилсон.
Маск и Грајмс не се во брак, а тој зад себе има три брака, од кои два со актерката Талула Рајли. Пред пејачката тој се забавуваше со актерката Амбер Херд, поранешна сопруга на Џони Деп.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels
Забава
Од звук до слика, од сеќавање до хуманост: „Пријателите“ ја оживуваат приказната на Метју Пери
Две години по трагичната смрт на Метју Пери, неговите колеги од култната серија „Пријатели“ повторно покажаа колку нивната поврзаност е силна и надвор од малите екрани. Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Дејвид Швимер, Мет Леблан и Лиза Кудроу се обединија во хуманитарна иницијатива со која го чуваат споменот на Пери и ја продолжуваат неговата мисија за помагање на другите.
Во соработка со Фондацијата Метју Пери и Soundwaves Art Foundation, уметникот Тим Вејкфилд создаде серија уметнички дела инспирирани од звучните бранови на препознатливата воведна песна на „Пријатели“, претворени во визуелни мотиви поврзани со ликовите од серијата.
View this post on Instagram
Секој од актерите потпиша ограничен број графики посветени на својот лик, а изработена е и посебна колекција со официјален, релјефен потпис на Метју Пери. Потпишаните примероци се продаваат по цена од 600 долари, а непотпишаните за 100 долари, при што целиот приход е наменет за хуманитарни цели.
Метју Пери беше пронајден мртов во својот дом во Лос Анџелес во октомври 2023 година, на 54-годишна возраст. Според официјалниот извештај, смртта била несреќен случај поврзан со дејството на кетамин. Пери јавно зборуваше за својата борба со зависноста и за обидите да им помогне на други луѓе со слични проблеми.
Со оваа акција, актерите од „Пријатели“ уште еднаш потсетија на наследството на Метју Пери – не само како актер кој обележа генерации, туку и како човек кој својата лична борба ја претвори во хуманост.
Фото насловна: depositphotos

