Свет
Тешка ноќ за пожарникарите во Австралија

Ситуацијата со пожарите во Австралија не се менува ни денеска, а на југоистокот од континентот два шумски пожара се споија и формираа еден уште поголем, во кој еден човек се здобил со сериозни изгореници бранејќи го својот дом, соопштија властите.
Пожарникарите цела ноќ се бореа со огнот што бил разнесуван од силните ветрови, додека громовите во Нов Јужен Велс и Викторија предизвикале нови пожари.
Власта ја проценува штетата од новите пожари во овие две најодалечени австралиски држави, по ноќешните борби со пожарите заради влошените временски услови.
Во Австралија денеска се подобрени временски услови, а релативно убаво време се прогнозира и за цела следна недела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бебе од Србија почина на Халкидики: детето се задушило пред очите на родителите среде ресторан

Тринаесетмесечно бебе од Србија ненадејно го загуби животот во ресторан на Халкидики. Според грчките медиуми, трагедијата се случила пред очите на родителите на детето.
Се верува дека малото дете, кое било на одмор во Грција со својот татко (31) и мајка (32), се задавило со храна. Инцидентот се случил околу 18 часот, додека детето седело на маса со своето семејство и почнало да се дави.
Сцените што следеле биле ужасни. Родителите, во паника, се обиделе да го спасат детето, а веднаш била повикана итна помош.
Бебето прво било однесено во Здравствениот центар „Агиос Николаос“, а потоа во болницата во Полигирос, каде било прогласено за мртво.
Свет
Ново примирје во Свеида, бројот на жртви надмина 300

Сириската државна новинска агенција САНА објави дека е постигнат нов договор за примирје во јужниот град Свеида. Повикувајќи се на извор од Министерството за внатрешни работи, САНА соопшти дека во градот се поставени безбедносни контролни пунктови и дека Свеида „ќе биде целосно реинтегрирана во сириската држава“.
Ова беше четврто такво примирје во Свеида од неделата, но секој договор брзо беше прекршен од нови судири. Според Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, повеќе од 300 луѓе се убиени во јужна Сирија во последните денови.
Откако започнаа борбите во неделата, Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека 69 припадници на милицијата Друзи и 40 цивили се убиени. Во извештајот се вели и дека 27 членови на заедницата Друзи се егзекутирани од страна на владините сили.
Сириската опсерваторија за човекови права, исто така, објави дека 165 припадници на сириската армија, 18 бедуински борци и 10 членови на безбедносните сили се убиени во израелските воздушни напади.
Свет
Пристигна реакцијата на САД: „Престанете“

Државниот секретар на САД, Марко Рубио, изјави дека Вашингтон е „многу загрижен“ за израелските напади врз Сирија, објави турската новинска агенција Анадолија.
„Сакаме борбите да престанат“, рече Рубио.
Сириското Министерство за здравство соопшти дека три лица загинале, а 34 се повредени во израелските воздушни напади врз Дамаск.