Забава
Британска јасновитка предвиде нова изборна победа на Трамп и хаос во кралското семејство
Британската јасновитка Џемима Пекингтон (64) тврди дека Доналд Трамп ќе победи на претседателските избори во ноември 2020 година.
Пекингтон, којa за минатата година предвиде природни непогоди, нови технологии, дека филмот„Ѕвездата е родена“ ќе освои Оскар, како и дека некои британски компании ќе прекинат со работа, предвиде дека по реизборот, првиот човек на САД ќе добие импичмент и ќе биде разрешен од функцијата.
Таа, исто така вели дека во 2020 година бројот на големите тајфуни, урагани и временски непогоди ќе се зголеми за дури 10 пати, како и дека на Велика Британија и се заканува опасна природна непогода. Пeкингтон исто така најави превирања во кралското семејство, велејќи дека некои високопозиционирани членови ќе бидат симнати од функцијата, но дека Бакингемската палата ќе ги издржи сите тешкотии и ќе го задржи суверенитетот.
Оваа јасновитка, која популарно ја нарекуваат „Мистик Вег“, доаѓа до визии со фрлање на аспарагус во воздухот и потоа ги толкува настаните што ќе се случуваат во иднина, врз основа на тоа како гранчињата паѓаат на земја.
Принцот Хари и Меган Маркл пред неколку дена објавија дека се повлекуваат од кралското семејство, а како што рекоа, нивниот план е да станат финансиски независни. Постојат неколку начини на кои војводата и војвотката би можеле да заработат пари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Фото) „Кралицата Сабаленка“: таа „убива“ на теренот со својата игра, а на плажата со својот изглед
Тенисерката Арина Сабаленка е една од најдобрите во спортот, а е особено интересна за домашната публика. Со своите духовити изјави и директно однесување, таа ги освои симпатиите на публиката ширум светот, а нејзиниот изглед често е главна тема на социјалните мрежи.
Арина е доста активна на Инстаграм, каде што споделува разни снимки од нејзиниот приватен живот, а тоа се претежно објави од море, од Грција, каде што ужива со својот избраник, Јоргос Франгулис, успешен претприемач.
А сега објави серија фотографии во бикини на кои позира и со своето момче, но овој пат нејзиниот изглед сепак заслужува малку повеќе внимание од фановите, кои ја обсипаа со комплименти. Овој пат отпатуваа на Малдивите.
Арина прво позираше во маслинесто бикини, а потоа и во розово, па е јасно дека држењето подалеку од обврските ѝ одговара доста.
„Вие сте мојот омилен пар“, „Прекрасни сте“, „Изгледате совршено во бикини“, „Тоа го нарекувам одмор“, „Кралица Сабаленка“, „Каква енергија зрачите, неверојатни сте“, беа дел од коментарите под нејзините објави.
фото: принтскрин
Забава
(Видео) За сите пригоди: Направете „неуредна“ пунџа за само неколку минути
Сите жени имаат денови кога одредени работи, како што е средувањето на косата, едноставно не им одат од рака.
Сепак, дури и во тие денови, постои едноставно решение – „неуредна“ пунџа.
Една инфлуенсерка на својот Инстаграм профил објасни, чекор по чекор, како да се создаде оваа одлична пунџа, која може да се носи во различни пригоди.
Без разлика дали се среќавате со пријатели на кафе или одеднаш сте добиле покана за излегување, за само неколку чекори ќе имате фризура во стилот на салон.
Сè што ви треба е еластичен стегач за коса, а за детални чекори, погледнете го видеото:
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Ги освојува улиците оваа сезона: и за есен и за зима – совршено за секоја жена
Есента има свој мирис, свој ритам и своја текстура, и ништо не ја евоцира таа атмосфера повеќе од кожата – материјал кој шепоти за самодоверба, сензуалност и беспрекорен стил.
Меѓу клучните парчиња на сезоната, кожното здолниште има посебно место: вечен симбол на женственост, но и внатрешна сила. Оваа есен, светот на модата повторно ја открива својата магија. На раскрсницата помеѓу класичната елеганција и современиот бунт, кожното здолниште добива нова форма – модерен пресврт кој ги комбинира структурата и слободата, моќта и леснотијата на движење.
Без разлика дали станува збор за софистицирана миди силуета, смела мини верзија или драматично макси здолниште, ова парче делува како оклоп на стил – суптилно, но несомнено впечатливо.
Некогаш резервирано за вечерните часови и гламурозните пригоди, денес кожното здолниште беспрекорно влегува во дневните комбинации. Со класична кошула и мокасини, станува изјава за деловен стил, додека во комбинација со преголем џемпер и чизми, носи лежерна софистицираност. Црната верзија останува безвременски класик, додека боите на коњак, чоколадо и костен се спојуваат со есенските пејзажи и стануваат нов синоним за луксуз.
Историјата на ова парче нè води низ децениите: од бунтовните педесетти години, преку револуционерните шеесетти години и моќните осумдесетти години, па сè до денес, кога кожата повторно се носи со гордост, како израз на слобода и индивидуалност.
Кендал Џенер и Бела Хадид ја носат со младешка дрскост, Викторија Бекам со британска елеганција, а ние – секоја на свој начин. Бидејќи кожното здолниште повеќе не е само парче облека – тоа е став, расположение, приказна за жена која ја знае својата вредност.
Без разлика дали го комбинирате со едноставна бела маица или свила, без разлика дали ќе изберете линија со молив или флуиден крој, едно е сигурно – кожното здолниште е модниот тотем на есента, олицетворение на сила, сензуалност и непогрешлива елеганција.
фото: принтскрин

