Македонија
Регионалната платформа: Ги осудуваме заканите и навредите врз новинарките во Северна Македонија
Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите, која претставува повеќе од 8.000 члена, остро ги осудува заканите и навредите кон Мери Јордановска, уредник во „А1он.мк“ и уредничката во ТВ „Алфа“, Искра Коровешовска, испратени од лицето Емил Јакимовски.
Двете жени новинарки добија заканувачки пораки преку интернет од Јакимовски минатата недела и тоа беше пријавено во полиција. Според пораките објавени од Јордановска, тој се заканил дека „ќе ја искреира на некролог“ ја нарекол „Сороспија“ и користел друг говор за родова дискриминација кон неа. Како што изјави Коровешовска, слични закани и навреди биле испратени и до неа.
Претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Младен Чадиковски, ги осуди овие закани и ги повика надлежните институции да го истражат случајот. „Комунициравме со Министерството за внатрешни работи и од таму ветија дека ќе ги расчистат овие закани против двете новинарки. Го повикувам Јавното обвинителство да преземе активна улога и бргу да ги истражи овие закани со цел да се спречат слични случаи во иднина“, рече Чадиковски.
„Она што загрижува во двата случаја е дека овие закани содржат елементи на родова дискриминација“, рече Чадиковски и додаде дека ваквиот притисок врз жените новинарки е сериозна пречка за слободата на изразување, слободата на медиумите и правото на граѓаните да бидат информирани.
Регионалната платформа на Западен Балкан за застапување на слободата на медиумите и безбедноста на новинарите го поддржува Здружението на новинарите на Македонија во своите напори да ги заштити новинарите и слободата на говорот и ги осудува заканите и навредите кон двете новинарки. Ги повикуваме надлежните институции да реагираат соодветно и јасно да ги осудат заканите кон Јордановска и Коровешовска. Платформата ќе испрати писма за загриженост до сите релевантни органи во Северна Македонија барајќи од нив итно и темелно да ги истражат сите факти за овие два случаја и да почнат да постапуваат соодветно.
Нападите и заканите кон новинарите претставуваат директен напад врз слободата на изразување и правото на граѓаните да бидат информирани, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

