Свет
Рoхани: Иран збогатува ураниум во поголемo количество отколку пред нуклеарниот договор
Иран во моментов збогатува ураниум во поголемo количество отколку пред склучувањето на нуклеарниот договор во 2015 година, изјави иранскиот претседател Хасан Рoхани.
„Денес секој ден збогатуваме повеќе ураниум отколку пред склучувањето на нуклеарниот договор“, рече Рoхани за новинската агенција ИЛНА.
Тој смета дека Техеран донел правилна одлука кога решил да го избегне напуштањето на Заедничкиот сеопфатен план за акција.
„Ако Иран се повлечеше од договорот, санкциите на ОН против нас ќе беа вратени. Тоа ќе му одеше во прилог на американскиот претседател Доналд Трамп“, рече Рохани.
Иднината на договорот за иранската нуклеарна програма беше доведена во прашање по едностраното повлекување на САД на 8 мај 2018 година и воведувањето на американските санкции за Техеран за извозот на нафта.
Иран тврди дека сите други учесници во нуклеарната спогодба, пред сè и најзначајно Европејците, не исполниле некои од нивните економски обврски, па договорот во сегашната форма нема смисла. Затоа Иран почна постепено да ја суспендира усогласеноста со своите обврски според договорот во врска со збогатувањето на ураниумот и истражувачки активности.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Хорор во Австрија: Србин избодел девојка со кујнски нож, крвавата жена истрчала по помош, тој продолжил да се сече
25-годишниот Србин кој наводно ја избодел пет пати со кујнски нож својата девојка (22) во Линц-Ебелсберг, ќе одговара за обид за убиство, јавуваат австриските медиуми.
Драматични беа сцените што се случија на крајот на август во Линц-Ебелсберг. 25-годишен Србин, наводно, ја избодел својата девојка пет пати со кујнски нож од 20 сантиметри. Жената се спасила влегувајќи во куќа, облеана во крв, пренесува Кронен Цајтунг.
Девојката (22) преживеала благодарение на итна операција, а мажот оттогаш е во притвор. Меѓутоа, сега против него е покренато обвинение. Човекот ќе се брани од обвинението за обид за убиство, како што потврди Улрике Брајтенедер, портпаролка на јавното обвинителство во Линц.
Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од 10 до 20 години. Датумот на судење се уште не е одреден, бидејќи има рок за жалба од две недели. Судењето, според тоа, најверојатно ќе се одржи дури следната година.
Свет
Повеќе од 30 китови се насукаа на брегот во Нов Зеланд, повеќето беа спасени
Група од повеќе од 30 пилоти китови се спасени откако се насукаа на плажата Руакака, во близина на Вангареи, во северен Нов Зеланд, јавува Би-би-си.
Одделот за заштита на природата (DOC) соопшти дека повеќето од китовите биле вратени во морето и испливале, но три возрасни китови и еден млад кит умреле. Во текот на ноќта не е забележано повторно насукување.
Акцијата за спасување ја водеше локалната маорска група Патухаракеке, на која им се придружија властите и другите граѓани.
Насуканите китови се природен феномен кој сè уште е необјаснет, а Нов Зеланд има една од највисоките стапки на вакви настани во светот.
Членовите на групата Патухаракеке останаа на плажата во текот на ноќта за да се погрижат спасените китови повторно да не се насукаат.
Свет
Трамп воведува огромни царини за Кина, Пекинг одговори
Ниту САД, ниту Кина нема да ја добијат трговската војна, одговори кинеската амбасада во Вашингтон во понеделникот на заканата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе воведе дополнителни царини од 10 отсто на сите кинески увозни производи кога ќе ја преземе функцијата на 20 јануари.
„Во врска со американските царини за Кина, Кина верува дека кинеско-американската економска и трговска соработка е заемно корисна“, рече портпаролот на кинеската амбасада Лиу Пенгју. „Никој нема да победи во трговска или тарифна војна“, рече Лиу.
Трамп рече дека ќе воведува царини додека Кина не го запре протокот на нелегални дроги, особено фентанил, во Соединетите држави. Тој го обвини Пекинг дека не прави доволно за да го запре протокот на илегална дрога што влегува во САД од Мексико.
„Додека ова не биде прекинато, ќе наплаќаме од Кина дополнителни 10 отсто царини, покрај сите дополнителни царини, за големиот број нивни производи кои доаѓаат во Соединетите држави“, рече Трамп.
Трамп претходно вети дека ќе го прекине трговскиот статус на најповолна нација на Кина и ќе воведе царини за кинескиот увоз од повеќе од 60 отсто, многу повисоки од оние воведени за време на неговиот прв мандат.
Лиу во изјавата рече дека Кина презела чекори за борба против шверцот со дрога по постигнатиот договор меѓу американскиот претседател во заминување Џо Бајден и кинескиот претседател Си Џинпинг минатата година. „Кинеската страна ја информираше американската страна за напредокот постигнат во операциите против наркотиците“, рече Лиу.
„Сето ова докажува дека идејата дека Кина свесно дозволила прекурсори на фентанил да влезат во САД е целосно спротивна на фактите и реалноста“, рече Лиу.
Главниот кинески обвинител во јуни ги повика своите службеници за спроведување на законот да се фокусираат на борбата против шверцот со дрога, додека Пекинг и Вашингтон открија ретка заедничка истрага за дрога.
Набргу по состанокот на заедничката работна група за борба против наркотици во август, Кина објави дека ќе ги заостри контролите на три хемикалии потребни за производство на фентанил.
Покрај Кина, цел на царините се Мексико и Канада, објави Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
„На 20 јануари, во една од моите први извршни налози, ќе ги потпишам сите потребни документи за наплата на Мексико и Канада 25 отсто царина за сите производи што доаѓаат во Соединетите Држави и нивните смешни отворени граници“, објави Трамп.