Македонија
Вооружен грабеж во НЛБ Банка во Ѓорче Петров

Утринава во експозитурата Ѓорче Петров на НЛБ Банка се случи вооружен грабеж.
Од банката велат дека вработените и сите клиенти кои се затекнале во експозитурата за време на грабежот се безбедни и се во добра состојба.
Во овој момент, претставници на Банката се во постојан контакт со клиентите и вработените кои биле присутни во експозитурата, ставајќи ги нивната безбедност и нивното здравје во преден план.
Паралелно, Банката соработува со надлежните органи за брзо и ефикасно решавање на случајот, како и утврдување на висината од направената штета, за што ќе јавноста ќе биде дополнително известена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Првиот ден од септември ќе биде сончев со мала облачност

Првиот ден од септември, како и неделата, ќе биде сончев со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХРМ).
Минималните утрински температури ќе се движат од 8°C во Маврово до 18°C во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од 24°C до дури 34°C во Скопје.
Во главниот град утре се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Температурата ќе се движи од 18°C во утринските часови до максимални 34°C во текот на денот.
Од вторник, метеоролозите најавуваат уште потопло време – сончево со мала до умерена локална облачност и температури кои ќе се движат од 30°C до 37°C.
Во среда пак ќе настапи промена – времето ќе биде променливо облачно, со слаб до умерен западен ветер. Попладне на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Температурите ќе се движат меѓу 29°C и 36°C.
Македонија
Се врати во функција бројот 192 на МВР

Отстранети се техничките проблеми и повторно е во функција телефонскиот број 192, кој граѓаните на Скопје можат да го користат за било каква пријава или информација, информира Секторот за внатрешни работи Скопје.
За истата намена, како што велат, редовно функционира и телефонскиот број 112, како и телефонските броеви на полициските станици во населбите каде граѓаните живеат.
Македонија
Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Поради големиот пожар повеќе населби во Скопје беа без електрична енергија, а од ДЗС информираат дека набргу дел по дел, ќе биде пуштена електричната енергија.