Македонија
ФРОДЕМ : Дополнителниот заменик министер во МЗШВ е срам за пржинската влада
„Кадрите кои верно му слугуваа на режимот воспоставен од бегалецот од Будимпешта, наместо со знаење и културно и цивилизациско однесување кон држаната управа, тие повторно почнаа да се наметнуваат со сила и агресија и да ја злоупотребуваат времената државна позиција. Дополнителниот заменик министер во МЗШВ уште не седнат на фотеља започна со суптилно политичко насилие и вознемирување на државните службеници на нивното работно место. Заштитата на правата на земјоделците од нехуманиот однос на локалните функционери не се врши со ваков нехуман, неетички и непрофесионален упад во простории на подрачните единици и со вршење политичко заплашување и покажување ,,мускули” над службениците од страна на ,,дополнителниот”, соопшти ФРОДЕМ.
„ФРОДЕМ го потсетува овој ‘дополнителен политички насилник’ и целата јавност дека во Законот за државни службеници постојат одредби кои се однесуваат на одговорноста на државните службеници како и одредби за контролата и оценување на нивната работа вклучувајќи го и оценувањето на нивниот хуман или нехуман однос кон граѓаните.
Начинот на кој овој ‘грујов апаратчик’ врши наводна контрола над вработените во подрачните единици на министерството е далеку од здравиот разум и достоинствено функционерско однесување. Обидот да се покаже ‘кој е кој’ е класичен акт на политичко насилие и психичко вознемирување на вработените во државните институции. Нормален и достоинствен заменик министер, па нека е тоа дури и дополнителен заменик министер, не се пресметува со својот министер преку грбот на вработените во подрачните единици. Ваквите функционери се класични политички кабадахии кои му припаѓаат на времето кое е одамна зад нас“, велат од партијата.
ФРОДЕМ очекува од техничкиот премиер на привремената влада поради скадалозното однесување на овој дополнителен заменик министер итно да побара негово разрешување и енергично да го стопира секој иден обид или акт на политичко насилие над државните службеници во функција на претстојните избори. Техничката влада мора да ја остави државната и јавната администрација професионално, совесно и непристрасно да си ја врши својата работа.
„Истовремено упатуваме и апел до јавноста, но пред се до УПОЗ и останатите синдикати со сите можни законски средства да ги заштитат правата на државните и јавни службеници од психичко вознемирување, заплашување и секој друг вид политички терор кој се врши од страна на високи партиски и државни функционери како пред изборите, за време на нивното одржување, но и по нив. Потребна е професионална и сервисно ориентирана кон граѓаните државна и јавна администрација, а не администрација која ќе ги извршува наредбите и желбите на некадарните политички големци“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено на Попова Шапка каде што се измерени -7 степени, -4 било во Берово и Mаврови Анови, -3 во Kрушево, -2 во Крива Паланка, -1 во Тетово, Виница, 0 во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, 1 во Охрид, Претор, Битола, Велес, Кавадарци, 2 Демир Капија, Струмица, 3 Гевгелија.
Количина на врнежи за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)
26 Гевгелија, 20 Демир Капија, 17 Струмица, Mаврови Анови, 15 Kрушево, 13 Скопје-Петровец, Попова Шапка, 12 Кавадарци, Пожаране, 10 Берово, Велес, Ѓуриште, 9 Тетово, Битола, 6 Скопје-Зајчев Рид, Штип, 5 Виница, 3 Претор, Прилеп, Тополчани, 2 Крива Паланка, Пожар-Радовиш, 1 Охрид.
Висина на снежна покривка до 07 часот во (cm)
50 Попова Шапка, 14 Маврови Анови, 5 Берово, 2 Ѓуриште.
Времето денеска
Променливо облачно со повремен локален дожд и снег со слаб интензитет, претежно во северозападните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.
Во Скопје, претежно облачно со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне до 6 степени.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

