Свет
(Видео) Петмина загинати во експлозија во руски хотел
Пет лица загинаа во хотел во рускиот град Перм при експлозија на топловодната цевка на системот за греење, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.
Топловодната цевка експлодирала, а топлата вода го поплавила подрумот на хотелот, пренесува „Ројтерс“.
#BREAKING #Russia In #Perm, five people died in a hotel “Caramel” due to a break in a hot water pipe, three more were hospitalized with burns. The hotel is located on the ground floor of the building. pic.twitter.com/4wYMPEHDY0
— Kapil Patil (@Kapil_Patils) January 20, 2020
Локалната полиција претходно објави дека во инцидентот загинале четири лица, а тројца се повредени.
„За време на пумпањето на водата и понатамошниот преглед на просториите, откриени се пет тела кои во моментот се идентификуваат“, соопшти прес-службата на Министерството.
Според претходните извештаи на локалните власти, инцидентот се случил во приватен хотел во индустриската област на градот во Урал со повеќе од еден милион жители.
Истражниот тим почна кривична истрага за смртта на пет лица, пренесува ТАСС.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена обвинета за спектакуларната кражба на накит од Лувр вреден 88 милиони евра
Француската полиција поднесе обвинение против 38-годишна жена осомничена за учество во голема кражба на накит од парискиот музеј Лувр, во која биле украдени предмети вредни околу 88 милиони евра, објави Би-Би-Си.
Жената, која не е именувана, се товари за учество во организирана кражба и злосторничко здружување. Како што јави АФП, таа се расплакала пред судот додека го потврдувала своето живеалиште во париското предградие Ла Курнев.
Во полициската акција биле уапсени вкупно пет лица, од кои едно е ослободено без обвинение, а едно лице кое директно учествувало во грабежот сè уште е во бегство.
Кражбата се случила на 19 октомври, непосредно по отворањето на музејот, кога групата крадци со украдено возило и механичка кревачка платформа се искачила до балконот на Галеријата „Аполон“ и со брусилка ги скршила стаклените витрини. Целата акција траела само четири минути.
Меѓу украдените осум парчиња се и тијарата на царицата Евгенија, сопруга на Наполеон III, како и накитот на Мари-Луиз. Украдените предмети сè уште не се пронајдени.
По инцидентот, француските власти ги засилија безбедносните мерки околу културните институции, а дел од највредните експонати од Лувр биле преместени на чување во Француската банка.
Фото: Pixabay/pexels
Регион
Мајка на момче кое пред година загина на железничката во Нови Сад најави штрајк со глад
Мајката на Стефан Хрка (27), кој пред една година загина во трагедијата при уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, најави дека од утре ќе започне штрајк со глад.
На денешниот комеморативен собир во Нови Сад, Дијана Хрка им се обрати на присутните со емотивен говор, истакнувајќи дека не се откажува од борбата за правда и одговорност за загинатите.
„Ова е мојата борба што морам да ја доведам до крај. Благодарам на студентите што ме одржуваат во живот, на сите луѓе што се со мене. Денес Нови Сад плаче, но јас се борам за тоа никогаш повеќе ниту една мајка да не заплаче,“ изјави Хрка, пренесува Индекс.
Таа додаде дека ќе продолжи да се бори самостојно и дека ќе штрајкува со глад пред Градското собрание во Нови Сад.
„Сакам да знам кој го уби моето дете и кој уби 16 луѓе. Некој мора да одговара за ова,“ порача Хрка.
Трагедијата се случи пред една година, кога при уривање на настрешница на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица, меѓу кои и нејзиниот син Стефан. Меѓу загинатите беше и четириесет и петгодишниот Македонец, Васко Саздовски, кој работел како професор во Институт за роботика во Нови Сад. Натстрешницата паднала додека тој чекал воз со кој требал да се врати во Македонија кадешто живеело неговото семејство.
Регион
Вучиќ: Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, присуствуваше на парастосот во Храмот „Свети Сава“ во спомен на 16-те жртви кои загинаа при пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
„Помина година од денот што засекогаш ја промени Србија. Шеснаесет животи беа изгубени. Денеска за секој од нив палиме свеќа, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и спомени ќе останат засекогаш во нашите срца,“ напиша Вучиќ на Инстаграм.
Тој додаде дека во вакви моменти најважно е Србија да остане достоинствена и обединета:
„Без тешки зборови и поделби, во тишина да упатиме молитва за загинатите. Нека нивните имиња бидат потсетник дека човечкиот живот е над секоја поделба,“ порача Вучиќ, изразувајќи сочувство до семејствата на настраданите.

