Македонија
Шкријељ: Со реформите и зголемувањето на пензиите обезбедуваме подобар живот за граѓаните
Санела Шкријељ, член на Комисијата за труд и социјална политика во СДСМ, денеска се сретна со пензионери, стечајци и корисници на социјална помош во Штип. Шкријељ на средбата со различни целни групи порача дека реформите што беа реализирани изминатиот период во социјалата директно влијаат на подобрување на животот на граѓаните.
„Одлуката за покачување на пензиите, која го следи растот на платите во државата, од околку 700 денари е најголемо покачување на пензиите досега и покажува вистинска грижа за постарите, но и за идните пензионери. Овие 700 денари ќе влезат во основицата на пензијата и дополнително ќе бидат усогласени со трошоците на живот. Со покачувањето коешто следува просечната пензија во државата ќе изнесува 15.500 денари”, рече Шкријељ.
Шкријељ истакна дека за првпат во земјава е воведена и социјална пензија што во моментот ја користат над 4.000 повозрасни лица.
„Оваа Влада имаше слух и за стечајните работници кои со години беа оставени без приходи. Со последните законски измени материјално до пензионирае обезбедуваме околу 12.000 невработени лица“, рече Шкријељ.
Со социјалната реформа обезбедуваме повеќе пари за граѓаните, вели Шкријељ.
„Социјалната помош ја зголемивме во просек за 300%. Во споредба со претходно, за 20 пати го зголемивме бројот на дечиња на кои сега им следува помош од државата. Конкретно, со новата социјалната реформа 27.000 деца земаат детски додаток, а над 8.500 деца добиваат образовен додаток. Гарантиран минимален приход примаат 27.387 граѓани, а над 4.000 возрасни лица веќе користат социјална пензија“, рече Шкријељ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

