Забава
(Видео) Вистинска Златокоса – тинејџерка од Индија ја има најдолгата коса во светот
Индијката Ниланши Пател ја одбрани титулата тинејџерка со најдолга коса во светот, па дури и го собори сопствениот рекорд, кој изнесува 190 сантиметри.
Девојката од малиот град Модасе во индиската држава Гуџарат во 2019 година повторно доби сертификат на Гинисовата книга на рекордите подобрувајќи го својот резултат од декември 2018 година кога косата ѝ била долга 170,5 сантиметри.
Пријателите и соучениците ја нарекуваат Златокоса според принцезата со долга коса од бајките на Грим. Ниланши Пател вели дека 11 години не била на фризер.
„Кога имав шест години, имав многу лошо искуство во локалниот фризерски салон. Оттогаш не се осмелував да ја потстрижам косата. Моите родители го почитуваа мојот избор“, објасни таа.
За да може да оди и да не се сопнува од сопствената коса кога е пуштена, седумнаесетгодишната Ниланши мора да носи високи потпетици.
Обично носи плетенка или ја свиткува косата, а проблеми има само кога плива, признава девојката, која сака да стане инженер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Птиците умираат пеејќи, се пошегува Северина по падот на концерт
Северина ги покажа модриците што ги доби по падот на концертот во загрепската Арена и откри како се подготвувала за вториот настап. Пејачката се пошегува на свој сметка, велејќи: „Птиците умираат пеејќи“.
Во видеото објавено на Инстаграм таа раскажа дека болката во ногата се појавила утрото по концертот. Покажа и дел од загревањето со својот тим, како и моменти од шминкањето.
View this post on Instagram
Северина откри дека една соработничка ѝ рекла дека „веќе не е за трчање“ бидејќи е „стара“, на што пејачката одговорила дека може да трча и во штикли и се нашалила дека фудбалерите постојано паѓаат.
Забава
Дуа Липа ужива во Бразил и објавува фотографии од плажата и градот
Дуа Липа објави фотографии од Бразил за време на паузите од нејзината „Radical Optimism“ турнеја.
За Инстаграм позираше на плажа, на jet-ski и во градот, носејќи минијатурно виолетово бикини, црн и бел фустан. Фотографите претходно ја снимија и на базен на поткровје во луксузен хотел во Рио де Жанеиро, во црно-жолто бикини.
View this post on Instagram
Забава
Пејачката објави серија жешки фотографии, не се за оние со слабо срце
Пејачката Дуа Липа веќе долго време го привлекува вниманието на јавноста – и поради нејзината музичка турнеја „Радикален оптимизам“ и поради нејзините провокативни фотографии на интернет.
Таа моментално е во Рио де Жанеиро на закажан концерт, но тоа не ја спречува да ужива во шармот на овој тропски град. Папараците неодамна ја фотографираа во тесно црно-жолто бикини, но сега таа ги поштеди од маката и доброволно објави серија жешки фотографии на Инстаграм.
Дуа покажа неколку модни изданија, а едно особено го привлече нејзиното внимание. Станува збор за атрактивно виолетово бикини украсено со светки. За фотосесијата, таа додаде златна огрлица и нараквица, а нејзиното лице без шминка беше исто така забележливо.
Минијатурниот костим за капење ја истакна нејзината витка фигура, а коментарите од нејзините следбеници на Инстаграм само се зголемија.
„Неверојатна си“, „Навистина си убава“, „Го обожавам тоа бикини“, се само неколку…
фото: принтскрин

