Забава
Ози Озборн откри дека боледува од сериозна болест
Познатиот музичар Ози Озборн (71) во интервју за „Добро утро, Америка“ зборуваше за своето здравје и откри дека страда од Паркинсонова болест, која му била дијагностицирана во февруари 2019 година.
Тој истакна дека изминатиов период бил тежок за целото семејство.
„Откако ја одработив новогодишната ноќ (2019), претрпев сериозен пад. Морав да одам на операција на вратот за време на која ми беа оштетени одредени нерви“, рече легендарниот рокер.
За време на интервјуто, на кое присуствуваше и неговата сопруга Шерон, тој откри дека боледува од Паркинсонова болест тип 2, пренесува британски „Метро“.

„Имате добар ден, па добар ден, а потоа многу, многу лош ден“, објасни неговата сопруга Шерон.
По повредата, Ози ги откажал настапите и светската турнеја и се посветил на лекувањето.
Ова е првпат Ози да потврди дека има болест за која долго се нагаѓаше. Тој додаде дека не знае да чува тајни и затоа решил да зборува отворено за сè.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Мајка ѝ е кралица нa „Ноќта на вештерките“, но и Лени Клум воодушеви со својот костим
На годинешната забава на Хајди Клум за „Ноќта на вештерките“ во Њујорк, во центарот на вниманието беше нејзината ќерка Лени Клум, која со креативниот костим го привлече вниманието на сите.
Дваесет и едногодишната манекенка се претстави како ликот Камил Крим од детската книга „Необичниот случај со пругите“. и го обои целото тело во шарени пруги – еден од највпечатливите костими на вечерта.
Хајди Клум се појави како Медуза, нејзиниот сопруг Том Каулиц како сребрен витез, а неговиот брат близнак Бил Каулиц како Сејлор Мун. На забавата присуствуваа и останатите деца на Клум од бракот со Сил.
Забава
Љубов до 5 ноември: неколку хороскопски знаци ќе блеснат во романса
Астролозите предвидуваат дека до 5 ноември четири хороскопски знаци ќе уживаат во љубовна хармонија, благодарение на Венера во знакот на Вага – планетата на љубовта, убавината и рамнотежата.
Вага – Ѕвезда на сезоната: привлекува љубов, пари и успех. Зафатените Ваги ја продлабочуваат врската, а слободните можат да доживеат неочекувана романтична средба.
Овен – Венера носи нова љубов или обновување на старата. Можно е заеднички живот или веридба.
Близнаци – Период на емоции, страст и инспирација. Романтиката се меша со креативноста, но треба да внимаваат да не идеализираат нови луѓе.
Водолија – Конечно мир и длабока поврзаност. Привлекуваат искрени и интелигентни партнери, а некои можат да ја пронајдат својата сродна душа.
Забава
Никогаш не е доцна за љубов, вели новиот партнер на Џенифер Анистон
Новиот партнер на Џенифер Анистон, Џим Кертис, изјави дека никогаш не е доцна да се најде љубов, пренесе „Пипл“.
На прашање како да се пронајде љубов по 40-тата година, Кертис одговорил дека тоа се прави исто како и на 22 или 32 години – но со повеќе самодоверба, искуство и автентичност.
„Прво сакајте се себеси и знајте дека сте во совршени години“, рекол тој, додавајќи дека „животот не завршува на 42“.
Кертис и Анистон првпат биле видени заедно во јули, а потоа и на премиерата на новата сезона на серијата The Morning Show и на заедничка вечера со актерот Џејсон Бејтман и неговата сопруга. Според извор за „Пипл“, „тие повремено излегуваат и уживаат во дружењето“.

