Економија
Николовски: Големата искористеност на ИПАРД 2 е доказ за успешните земјоделски политики
Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, денеска беше во посета на Тиквешкиот Регион каде се сретна со граѓани, земјоделци, фармери и лозари.
Во изјава за медиумите Николовски рече дека последен доказ за успешноста на земјоделските политики на СДСМ е целосната искористеност на ИПАРД 2-програмата.
„За првпат нашата земја Република Северна Македонија е лидер во искористеноста на ИПАРД, за првпат не ги враќаме назад парите кои ни се ставени на располагање. Со олеснети административни процедури, со едукација, со олеснет пристап до фондовите и зголемен број повици, се создадоа услови за првпат државата да не ги враќа парите назад. Напротив, 99 отсто од целокупниот износ за годината е исплатен, станува збор за неповратни средства од околу 12 милиони евра кои се веќе исплатени кон земјоделците. Вкупно во целиот период на ИПАРД 2 се склучени вкупно околу 1.500 договори во вредност од околу 32 милиони евра. Тоа ни дава за право да веруваме дека засилената искористеност на фондовите ќе продолжи и во иднина“, посочи генералниот секретар Николовски.
Осврнувајќи се на мерките битни за лозарите и винопроизводителите, Николовски истакна дека Владата предводена од СДСМ вреши и еден долгогодишен проблем со предаденото а неплатено грозје од страна на винарниците „Повардарие“ и „Стефани“, а преку измените на Законот за вино, обезбеди подобри услови за малите винарии.
„Донесовме посебен закон со кој исплативме 2.048 лозари кои конечно ги добија парите за предаденото грозје, а со последните измени на Законот за земјоделство и рурален развој опфатени се и оние 680 лозари кои не беа опфатени претходно и сега проблемот со долговите е целосно надминат. Во овие две и пол години носевме закони кои се во интерес на земјоделците и граѓаните. Во таа насока беа и измените на Законот за вино со кој дополнително ги поттикнавме малите винарници многу полесно да ја вршат својата дејност. Досега, сите мали винарници, кои произведуваат до 100.000 литри вино годишно мораа да имаат вработен енолог, а сега со измените еден енолог може да биде ангажиран од повеќе винарници“, истакна Николовски.
Во изјавата Николовски најави и скора реализација на целосно модернизирање на системот за наводнување во селото Пепелиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

