Свет
(Видео) Активист на Сандерс: Во Америка ни треба гулаг и гилотина за богатите
Припадник на предизборниот штаб на американскиот кандидат за претседател, Берни Сандерс, снимен е како признава дека сака вооружена револуција по која богатите би ги пратил на гилотина, а републиканците во логори за едукација и превоспитување, пишува хрватски „Индекс“ повикувајќи се на американските медиуми.
Мартин Вајсгербер, кој наводно е платен теренски организатор за кампањата на Сандерс во Јужна Каролина, бил тајно снимен во разговор со десничарски активист кој очигледно лажно му се претставил како левичар и симпатизер на Сандерс.
BREAKING: 2ND PAID STAFFER PRAISES GULAGS
South Carolina @BernieSanders Field Organizer @martinthemanic: “I’ll straight up get armed…I’m ready for the “f**king revolution”; “Guillotine the rich”; ‘send Republicans to re-education camps’
FULL RELEASE 12:00PM#Expose2020 pic.twitter.com/tUCeKEY6aM
— James O’Keefe (@JamesOKeefeIII) January 21, 2020
Кога ја стекнал неговата доверба, активистот на „Проект Веритас“ на средба во ресторан извлекол од Вајсгербер прилично неверојатни признанија за некој што работи во изборен штаб на еден од водечките кандидати за претседател на САД.
„Отсекогаш сум кажувал, знаете, јас сум комунист“, рекол отворено Вајсгербер дистанцирајќи се на овој начин од Сандерс, кој се декларира како демократски социјалист, пренесува „Индекс.хр“.
„Подготвен сум да фрлам тули и да се борам“, додал тој алудирајќи на добро познатата тактика за вадење камења од плочниците и нивно фрлање кон полицијата во насилните протести во целиот свет.
Воедно, објаснил дека е во контакт со радикални левичарски групи од целата земја за да организираат масовни протести како оние на „Жолтите елеци“ во Франција (иако француските „жолти елеци“ идеолошки се разликуваат од левицата) доколку Сандерс изгуби и Доналд Трамп добие уште еден мандат.
„Едноставно, ќе земам оружје во раката. Сакам да научам како да пукам и би одел на обука. Јас сум подготвен. Подготвен сум за е***а револуција, братко“, истакнал активистот на Сандерс.
„Богатите на гилотина“, рекол тој во дел од разговорот, а потоа застанал во одбрана на Советскиот Сојуз и неговиот озлогласен гулаг, систем на работни логори, во кои меѓу 1930 и 1953 година биле затворени околу 18 милиони луѓе, од кои меѓу 1,5 и 1,7 милион умреле поради нехумани услови и тешка принудна работа.
„Гулагот е основан како систем за превоспитување… Дали си слушнал за Беломорскиот Канал? Луѓе доаѓале од Америка да работат на каналот, за советски проект, за комунистички проект. Тоа е прекрасна работа“, го изразил своето восхитување овој млад американски комунист.
Станува збор за проект за изградба на канал во чест на Сталин, во кој според историските податоци умреле меѓу 12 и 25 илјади принудни работници од гулагот.
Вајсгербер додал и дека во САД денеска има повеќе затвореници отколку во Русија во најжестоките времиња на гулагот и дека Советскот Сојуз своевремено бил најпрогресивно место за женските права.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Лавров: Трамп е единствениот западен лидер кој ја разбира Русија
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Доналд Трамп е „единствениот западен лидер“ кој ја разбира позицијата на Русија во врска со Украина.
Според државната агенција ТАСС, тој го пофали Доналд Трамп како „единствениот западен лидер“ кој покажува разбирање за позицијата на Москва во врска со Украина, пренесува „Скај њуз“.
Лавров се осврна и на Обединетото Кралство и на Европската Унија, велејќи дека двете страни се во „безнадежно политичко слепило“ и се залажуваат со илузијата дека можат да ја надминат Русија.
ТАСС, исто така, објави дека Лавров рекол дека Москва нема намера да војува со Европа.
Наместо тоа, Русија останува подготвена да одговори доколку во Украина бидат распоредени војници.
Фото: депозитфотос
Свет
(Видео) Објавена снимка од апсењето на Луиџи Манџионе во „Мекдоналдс“
На суд беше прикажана снимка од полициска камера која ги покажа моментите непосредно пред апсењето на Луиџи Манџионе, која наместо да биде клучен доказ, би можела сериозно да му наштети на случајот на обвинителството. Снимката од „Мекдоналдс“ во Пенсилванија стана фокус на правна битка што би можела да го одреди исходот од целото судење, објавува „Телеграф“.
Иако се очекуваше видеото да го поддржи случајот на обвинителството, одбраната сега го користи за да ја доведе во прашање легалноста на дејствијата на полицијата. Деталите снимени на видеото, велат адвокатите на Манџионе, ја зголемуваат можноста дека клучните докази против нивниот клиент се добиени нелегално.
Судот сега мора да одлучи за правната тежина и прифатливоста на самата снимка. Одлуката ќе биде клучна не само за судбината на Луиџи Манџионе, туку и за понатамошниот тек на едно од најгледаните судења во Соединетите Американски Држави.
Неговите адвокати тврдат дека полицијата не му ги прочитала правилно неговите уставни права пред да го уапси и дека ги претресла неговите работи без налог.
Манџионе е обвинет за убиството на Брајан Томпсон, извршен директор на „Јунајтед Хелткеар“, во Њујорк. Тој се изјасни за невин по федералните и државните обвиненија за убиство.
фото: Depositphotos
Свет
Песков повика на претпазливост поради можно прислушување од страна на странски служби
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека руските претставници мора да бидат исклучително внимателни поради заканата од прислушување од страна на странски разузнавачки агенции.
„Разузнавачките агенции си ја работат својата работа. Особено непријателските. Ова бара руските претставници да бидат исклучително внимателни“, рече Песков, реагирајќи на неодамнешната изјава на раководителот на главниот разузнавачки оддел на Министерството за одбрана на Украина, Кирил Буданов, дека официјален Киев можеби ги прислушкува претставниците на Кремљ, пренесува Интерфакс.
На крајот на ноември, порталот „Блумберг“ објави транскрипти од телефонски разговори наводно водени меѓу специјалниот претседателски претставник на САД, Стив Виткоф, и помошникот на рускиот претседател, Јуриј Ушаков, и специјалниот претседателски претставник, Кирил Дмитриев.
Иако Ушаков не ги коментираше разговорите, тој призна дека доста често комуницира со Виткоф, вклучително и преку социјалната мрежа WhatsApp. Ушаков посочи дека информациите протекуваат од некаде или прислушувањето го вршат „оние кои се заинтересирани да го нарушат дијалогот меѓу Русија и САД“.
Фото: депозитфотос

