Регион
Бугарија купува 14 беспилотни системи вредни 12,66 милиони евра

На 30 декември бугарското Министерство за одбрана распиша тендер за набавка на 12 мини и двa мали беспилотни система (УАС) меѓу 2020 и 2024 година со вкупна проценета вредност од 12,66 милиони евра, вклучително ДДВ.
Одобрени се вкупно 5,51 милиони евра за набавка на мини УАС (секој се состои од копнена контролна станица и три беспилотни летала – УАВс), со што се овозможува набавка на три системи годишно во 2020 и 2021 година, со натамошна набавка на два на годишно ниво во периодот 2022- 2024 година, јавува порталот „Тангосикс“.
Поканата за понуди и учество во преговарачкиот процес беше испратена на адресите на 24 локални и меѓународни компании.
Крајниот рок за доставување на понудите до Министерството за одбрана во Софија е 13 февруари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Јуриќ: Бевме на праг да не ја пронајдеме Дуња, некој мора да сноси одговорност и да утврди како исчезна детето

Дуња Марковиќ од Уб беше пронајдена жива и здрава по потрагата што ја држеше цела Србија во неизвесност, но нејзиното враќање дома го отвори прашањето за одговорноста за случајот и почна истрага за околностите на нејзиното исчезнување. Игор Јуриќ од Центарот за исчезнати и малтретирани деца истакна дека е неопходно да се утврди одговорност за исчезнувањето на Дуња.
Цела Србија нервозно ја следеше потрагата по Дуња Марковиќ, па пристигна вест, која ги израдува сите – девојчето е пронајдено живо и здраво. Сепак, и покрај олеснувањето од пронаоѓањето на девојчето, се поставува прашањето, велат надлежните, за одговорноста за овој случај.
Во врска со исчезнувањето на Дуња Марковиќ, Обвинителството во Уб, надлежната полициска станица и Центарот за социјална работа вршат проверки и прибираат информации за околностите на семејните односи во семејството на малолетното девојче, изјавиле од Основното јавно обвинителство за српксите медиуми.
Игор Јуриќ од Центарот за исчезнати и малтретирани деца истакнува дека исчезнатото девојче Дуња Марковиќ имало голема среќа што било пронајдена живо и дека овој случај требало да послужи како сериозно предупредување.
„Мораме да бидеме свесни дека ова девојче преживеало со чиста среќа. Бевме буквално на чекор да не ја најдеме“, изјави Игор Јуриќ и додаде дека е неопходно да се утврди одговорност за исчезнувањето на Дуња Марковиќ.
„Некој мора да сноси одговорност за она што се случи. Треба да откриеме како едно дете може да ја напушти безбедната средина без никаков надзор и да биде доведено во опасност“, нагласи Јуриќ.
Регион
Голем пожар во Крагуевац: три лица итно евакуирани од запален стан

Во текот на ноќта голем пожар избувна во станбена зграда во Крагуевац на улицата Николе Пашица.
„Пожарот ги зафатил станот на вториот кат, влезната врата и дел од собите. Зградата беше во чад. Со брза реакција на спасувачите пожарот е локализиран, потоа изгаснат, а три лица се спасени и евакуирани од запалениот стан“, изјавил за РИНА еден од жителите.
Две лица, поради повреди, се пренесени на Клиничкиот центар за укажување лекарска помош.
Во интервенцијата учествувале 15 пожарникари со четири возила, а причината за пожарот ќе се утврдува по детаљна истрага, што ќе ја спроведе полицијата.
Регион
По вчерашните инциденти и тепачки во Собранието на Србија, Брнабиќ со порака до опозицијата: Ако немаат ништо посилно од шок-бомби и солзавец, да не се појавуваат

По вчерашните бурни настани, Собранието на Србија денеска од 10 часот ја продолжува седницата. Пратениците ја завршија принципиелната расправа за повеќе од 30 точки од дневниот ред, од 62 предложени, за збир закони од областа на образованието, даночниот систем, како и за меѓународни договори, закони за економија и кредитни аранжмани на државата.
Вчерашната седница беше прв собир на пратеници од ноември минатата година, а во центарот на вниманието се усвојувањето на измените на Законот за високо образование со цел исполнување на четвртото студентско барање, како и оставката на премиерот Милош Вучевиќ.
Претседателката на Собранието Ана Брнабиќ и порача на опозицијата дека ако немаат ништо посилно од шок бомби и солзавец и противпожарни апарати, да не се појавуваат, бидејќи тоа денеска нема да ги исплаши.
Медиумите потсетуваат дека наместо дискусија, првиот работен ден годинава го одбележаа многубројни инциденти. По поставувањето на дневниот ред, пратениците од опозицијата поставија димни бомби во собраниската сала, при што беа повредени три пратенички.
Освен димни бомби, со јајца фрлале и по пратеници и членови на Владата, а во еден момент го вклучиле и противпожарниот апарат.
Пратениците на опозицијата во текот на целиот ден со свирежи и вувузели, не учествуваа во расправата која пратениците на мнозинството ја продолжија и покрај сите инциденти.
Ана Брнабиќ изјави дека вчера пратениците од владејачкото мнозинство покажале до каде се подготвени да одат и да се борат за Собранието, институциите, за секој граѓанин на Србија.
„Пратениците на мнозинството денеска покажаа како се чува достоинството на Собранието, а опозицијата покажа дека сака да го погази не само достоинството на парламентот, туку и на Србија. Да се повлечевме по шок бомбите, ќе значеше дека секој див, силеџија, терорист и кукавица можеше да ја блокира работата“, рече Брнабиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа, говорејќи за нередите што ги предизвика опозицијата во Собранието, изјави дека тоа е „силеџиство, хулиганско однесување“ и дека за тоа бара кривично-правна одговорност.