Свет
Муфтија издаде фатва против боливудски режисер за прикажување на Куранот во лошо светло
Муслимански свештеник од индиската држава Утар Прадеш издал фатва, исламски правен декрет, против Амџад Кан, режисерот на филмот за пакистанската нобеловка Малала Јусафзаи, која беше застрелан од талибанските милитанти на 14-годишна возраст, пренесува „Спутник“.
Постерот за филмот Gul Makai покажува девојка како држи запалена книга во рацете и од неа излегува експлозија. Свештеникот тврди дека книгата е Куранот, што според него значи дека плакатот е против исламот и дека филмот ги прикажува нивните свети текстови, како и нивната религија во лошо светло.
„Муфтијата Дарул Ифта Џама Масџид издаде фатва против Мехмуд Кан, режисерот на боливудскиот филм Gul Makai. На постерот за филмот се гледа девојка со книга, а книгата е Куранот, па затоа е против исламот и ја покажува нашата религија во лошо светло“, се вели во писмото објавено од џамијата.
Говорејќи за „Спутник“, режисерот на филмот ги отфрли како глупост извештаите за поднесување пријава од полицијата, велејќи:
„Свештеникот е жртва на заблуда. Тој е религиозен научник, мисли дека главната актерка, која ја прикажува Малала во филмот, држи Куран во рацете. Тој го претпоставува тоа поради своите предрасуди и затоа што мисли дека само затоа што главниот лик на филмот е муслиманка, таа ќе го држи само Куранот. Филмот е за образованието на девојчињата, тој не е во состојба да го разбере ова. Ова не е достоинствен потег, но ќе се обидам да разговарам со него и ќе му испратам писмо“, додаде тој.
Кан негира дека презема какви било правни мерки против муфтијата бидејќи не сака тој да влета во законски проблем.
Филмот, предвиден за објавување на 31 јануари, ја раскажува приказната за Малала Јусафзаи, 22-годишна девојка која стана најмладата добитничка на Нобеловата награда за мир за кампања за правата на образованието на девојчињата во 2014 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Руте по разговорите со Трамп: Безбедноста на Арктикот во фокусот
Главниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави во четвртокот дека за време на неговата средба со Доналд Трамп во Давос воопшто не било спомнато американско сопствеништво над Гренланд и дека новата позиција на американскиот претседател не ја смета за пресврт, пренесе Си-Ен-Ен. „Не разговаравме за тоа“, рече Руте во интервју за Скај њуз во четвртокот. „Синоќа не беше спомнато.“
„Она што можам да го кажам е дека разговаравме за неговата идеја, неговата визија“, рече Руте, појаснувајќи дека тој и Трамп се фокусирале на тоа како НАТО може „да го спаси Арктикот од Русите и Кинезите“.
По средбата со Руте во средата, Трамп на социјалната мрежа Трут соушл објави дека се откажува од претходната закана за воведување царини за европските земји поради наводното попречување на американското преземање на Гренланд.
На прашањето на Скај њуз дали вознемиреноста предизвикана од коментарите на Трамп за Гренланд претставувала пречка за сојузниците во НАТО, Руте не се согласи и дури му припиша заслуги на Трамп за „спасувањето на НАТО“.
„Мислам дека е во право што ја покрена оваа расправа“, рече Руте. „Како можеме да го заштитиме Арктикот? Како можеме да обезбедиме Арктикот да биде безбеден? И би рекол дека, откако го спаси НАТО, тој сега е тој што ги предводи напорите за да се осигураме дека колективно ќе го спасиме арктичкиот регион.“
Свет
Шпанскиот министер повика на создавање единствена европска армија
Шпанскиот министер за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Европа треба да има своја армија.
„Мислам дека е време Европа да ја земе својата судбина и својот суверенитет во свои раце“, изјави Албарес на маргините на Светскиот економски форум.
Тој објасни дека ова значи отстранување на сите бариери за единствениот пазар и обезбедување сигурни трговски партнери во време на сè почести дискусии за царините. Тој додаде дека Европа мора да има и своја одбрана – да ја земе безбедноста во свои раце, да ги поврзе одбранбените индустрии и да се движи кон создавање европска армија.
Свет
Спречен напад врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц
Германската полиција спречила напад на еколошки активисти врз приватниот авион на германскиот канцелар Фридрих Мерц во еден хангар во градот Арнсберг, соопшти државното обвинителство.
Според соопштението, „полицијата во ноќта од среда кон четврток спречила три лица во обид да го оштетат приватниот спортски авион на претседателот на германската влада“.
Во соопштението на групата која ја презела одговорноста за обидот за напад се наведува дека три лица, на возраст од 23, 28 и 56 години, неовластено влегле во просторот на аеродромот Арнсберг-Менден, но полицијата спречила оштетување на авионот кој се наоѓал во еден од хангарите.
Меѓу приведените активисти е и познатата германска климатска активистка Ања Виндл. По акцијата, со соопштение се огласи и групата „Отпор колектив“, која ја презеде одговорноста за обидот за напад.
„Ние се обидовме, во рамки на протест, да го оневозможиме приватниот авион на канцеларот Фридрих Мерц. Додека климатската криза ескалира, германскиот канцелар се движи наоколу со приватен авион“, стои во соопштението на групата.

