Економија
МЗШВ: Целокупното договорено количество тутун од реколтата 2019 ќе биде откупенo
Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Зоран Шапуриќ, одржа работен состанок со претставници од Стопанската комора на Македонија, откупните претпријатија на тутун и Сојузот на здруженија на тутунарите. На состанокот се разгледаа информациите за моментната состојба со откупот на тутун од реколтата 2019.
Државниот инспекторат за земјоделство е постојано на терен, а некои од откупните пунктови кои привремено беа затворени сега се повторно отворени.
„Од страна на претставниците на откупните претпријатија на тутун беше потенцирано дека целокупното договорено количество тутун ќе биде откупено и порачаа да не се создава непотребна паника кај тутунопроизводителите. Откупувачите на тутун гарантираа дека процената на класите ќе се врши реално“, соопштија од Министерството.
Дополнително, Државниот инспекторат за земјоделство најави зајакнати контроли на терен, контроли во делот на посочените случаи за затворени пунктови и во однос на почитување на законските обврски за откупен и исплатен тутун во согласност со договорите. На состанокот беше посочено дека не се очекува да има вишок тутун.
Досега се откупени над 22,4 милиона килограми тутун во вредност од речиси 5 милијарди денари или повеќе од 85 отсто од договореното количество е веќе откупено. Се очекува откупот да заврши за 15-ина дена.
Од страна на откупните претпријатија исплатени се речиси 4,7 милијарди денари. Просечната откупна цена е 221,9 денар за килограм, што е највисока откупна цена во последните шест години. Од реколтата 2019 вкупно се засадени 13.342 хектара тутун и склучени се 32.798 договори со девет компании. Вкупното производство на тутун од реколтата 2019 изнесува над 26.700 тони тутун, што е 6 отсто повеќе од реколтата 2018. Планираната количина за откуп е 26.729 тони. Издадени се 20.933 евидентни листови.
Со новиот модел за зголемени субвенции што го воведе Владата на Република Северна Македонија субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа и дополнителните класи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

