Македонија
Во Здравствениот дом во Валандово почна со работа хигиенско-епидемиолошката служба

Во Здравствениот дом во Валандово од минатата недела почна со работа хигиенско-епидемиолошката служба (ХЕС). Оваа служба ќе ги извршува следните здравствени услуги: брис од грло и нос, уринокултура, копрокултура, паразити, брис од око, брис од уво, бруцелоза тест, хепатит Б и Ц-тест, ХИВ-тест, ХПВ-тест, вагинална флора, брис од јазик, спутум.
Министерствто за здравство, исто така, информира дека во 2019 година пуштена е во употреба новата котелска постројка за парно греење на пелети во вредност од 1.500.000 денари, финансирана со средства од програмата (IPA SHIELD II) за прекугранична соработка Република Грција – Република Северна Македонија.
„Преку истата програма за прекугранична соработка планирани се неколку набавки, меѓу кои и набавка на возило за посета во рурални подрачја за патронажната служба, набавка на нов биохемиски анализатор и хематолошки бројач за лабораториско-дијагностичката дејност, набавка на нов ултразвучен уред – ЕХО-апарат, набавка на уред за мешање струи со вакуумска електрода за физикална медицина, набавка на уред за електрична стимулација за физикална медицина, набавка на Sonoterapy ласерска машина за физикална медицина, како и друга медицинска опрема“, се наведува во соопштението.
Од Министерството наведуваат и дека реализирани се вкупно 11 вработувања и одобрени се три специјализации (интерна медицина, медицинска биохемија и физикална медицина) за 2019 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Утре променливо облачно време со локален дожд попладне

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 18 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
Следува период на стабилно и топло време, освен утре и во сабота кога ќе има локални врнежи од дожд. Утринските и дневните температури ќе бидат во пораст.
Македонија
Работен состанок за решавање на предизвиците од областа на судските и дисциплинските постапки

Министерството за внатрешни работи се одржа работен состанок помеѓу претставници на МВР, Државниот правобранител на РСМ, Основниот граѓански суд-Скопје, Апелациониот суд-Скопје и Државната комисија за одлучување во управна постапка.
Целта на средбата беше дискусија за отворените прашања во врска со роковите за носење на решенијата во дисциплински постапки и други прашања од областа на судските и дисциплинските постапки.
Претставниците на институциите се договорија овие работни средби да продолжат и во иднина со цел меѓуинституционално решавање на сите предизвици со крајна цел заштита на правата на работниците и избегнување на финансиски импликации на штета на буџетот.
Македонија
Се асфалтира нова улица во населба Драчево

Се врши целосно асфалтирање на нова улица во населбата Драчево, која за првпат овозможува директно поврзување меѓу две значајни сообраќајни артерии – улиците „Румена Хаџипанзова“ и „Киро Фетак“.
Се работи за делница во должина од околу 900 метри, која претставува важно логистичко и сообраќајно олеснување за жителите на Драчево, но и за сите кои секојдневно се движат низ овој дел на општината.
Со ова поврзување се овозможува побрз и побезбеден проток на сообраќајот, подобра комуникација помеѓу урбаните целини, но и значително намалување на сообраќајниот метеж во овој дел на Кисела Вода.
– Со ова ново поврзување меѓу улиците “Румена Хаџипанзова” и “Киро Фетак”, правиме сериозен чекор напред во унапредувањето на сообраќајот во Драчево. Овој зафат е само уште еден доказ за решеноста на локалната самоуправа да ја трансформира Кисела Вода во модерна урбана средина со целосно решена инфраструктура и поквалитетен живот за сите нејзини жители-изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.