Македонија
Мицкоски: Oбвинителството е чуварот на криминалите на актуелната власт
Што треба повеќе да се случи за ова обвинителство да почне да гледа докази за криминал кај власта, праша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во објава на „Фејсбук“, по наводниот скандал за поткуп на гласачи во Струмица.
Според Мицкоски, Заев се бори за закон кој ќе го амнестира криминалот, а обвинителството ја зеде улогата на заштитник на криминалот на власта.
„Случајот за поткуп на гласачи во 2014 година ‘сосема случајно’ бил отворен во 2018 година и затворен поради немање докази. И сега ние треба да ѝ веруваме на Русковска дека Заев е невин во целиот случај, кога јавна тајна е како СДСМ и Заев обезбедуваат поддршка во Струмица и не само таа во 2014 туку и за изборите претходно, но и времето потоа. За таквиот феудален систем со робовладетелски карактеристики сум говорел во повеќе наврати каде ‘вождот’ ги уценува немоќните , а останатите ги рекетира“, пишува Мицкоски.
Според него, овој случај со поткуп на гласови е отворен и затворен во 2018 затоа што тоа Вилма Русковска била обвинител, а Заев бил премиер и само така можел да се спаси од одговорност.
„Го отворила за да го затвори, далеку од очите на јавноста. Впрочем, сега е јасно дека обвинителството е чуварот на криминалите на актуелната власт“, додава Мицкоски истакнувајќи дека слепилото пред криминалот на сегашното обвинителство може да се отстрани единствено со квалитетен закон за обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Облачно време со врнежи од дожд и температуриа до 9 степени
Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни во источните делови (над 35 l/m²). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, облачно со повремени врнежи од дожд. Во повисоките делови од котлината врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 5 степени.
Утре на планините и на повисоките места ќе провејува слаб снег. Од недела времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. По одделни котлини ќе има појава на магла и таму температурата ќе остане пониска.
Македонија
АМСМ: Тековен сообраќај по влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, информира АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Потсетување дека патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
Македонија
Дел од корисниците од Гази Баба без струја
Дел од корисниците од Гази Баба денеска ќе останат без струја.
„Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека на ден 28.11.2025 година ( Петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08:30 до 14:30 часот, корисниците на ул.2 во Раштак ( општина Гази Баба )“, информира РЦУК.

