Свет
Најмалку 35 бродa зафатени од пожар во Алабама, има настрадани
Шефот на пожарникарската служба во Алабама потврди дека има настрадани во пожарот кој зафатил најмалку 35 бродови закотвени покрај реката Тенеси.
Џин Неклаус, шеф на Противпожарната служба во Скотсборо, не прецизираше колку лица настрадале, но претходно рече дека седум лица се хоспитализирани, а уште седум се пријавени за исчезнати, пренесе АП.
Според него, повеќето бродови биле користени за живеење.
Агенцијата за управување во итни ситуации на округот Џексон соопшти дека пожарникарските и спасувачките операции се одвивале и на копно и на вода.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ЕУ ќе инвестира во воено-индустрискиот комплекс во Украина
Европската унија го менува пристапот кон воената помош за Украина и преминува на инвестиции во воено-индустрискиот комплекс на земјата, кој ќе произведува ракети, беспилотни летала и друго оружје со долг дострел.
Посветеноста на ЕУ од 440 милиони долари за поддршка на украинската одбранбена индустрија „означува значителна промена“ во пристапот на блокот кон војната и исто така ги открива слабостите на нејзиниот одбранбен сектор во производството на оружје и муниција додека Европејците се борат да бидат во чекор со побарувачката, објави украинската новинска агенција Униан, цитирајќи го Вашингтон пост.
ЕУ не може да го произведе целото оружје и муниција што им е потребно на Вооружените сили на Украина, поради што се префрла на инвестиции во украинскиот воено-индустриски комплекс.
Регион
За само еден ден 11 земјотреси го погодија Врање
Од вчера до денес Врање го погодиле дури 11 земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала, покажуваат податоците на веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод.
Најсилниот земјотрес се случи кај Врање во селото Корбевац со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала.
Првиот земјотрес е забележан во неделата (13 октомври) во 04:28 часот, а епицентарот бил во селата околу Врањска Бања.
Додека последниот земјотрес беше регистриран рано утринава околу шест часот по локално време, магнитудата беше 2,3 степени според Рихтеровата скала.
Свет
Полска најави распоредување на американскиот противракетен одбранбен систем Егис Ашор
Во Полска беше најавено дека во наредните недели во градот Реџиково ќе биде инсталиран и оперативен американски противракетен одбранбен систем Aegis Ashore(Егис Ашор).
Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изрази надеж дека ова оружје ќе може да ги одбие руските ракети, пренесува агенцијата Униан.
Од „Дифенс експрес“ наведуваат дека станува збор „за некаква долгорочна изградба (на капацитет)“, што отвора многу прашања.