Македонија
Заев: Законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата

„Носењето на законот за јавно обвинителство ја гарантира европската иднина на државата. Секое попречување на овој процес значи бегање од правдата и оддалечување од Европската Унија. Да покажеме вистински демократски капацитет за градење на силни и независни институции, кои ќе се борат против криминалот и корупцијата“, порача лидерот на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук, во пресрет на новата средба на работните групи за постигнување консензус околу законот, за кој се апелира да биде усвоен пред да се распушти парламентот.
По дводневната јавна расправа, Министерството за правда останува на ставот опозицијата да не го предлага Републичкиот јавен обвинител, но прифаќа подобрување на постапката. Министерката Рената Десковска најави уште еден обид за постигнување консензус, но тоа да не значи прекинување на предметите на СЈО.
Министерството за правда повторно ќе треба да се сретне со пратеничките групи заради усогласување на законот. Дескоска на прес-конференција рече дека нема да дозволат да се блокира процесот на носење на законот и оти ќе се обидат да закажат средба со пратеничките групи во поширок формат. Таа изрази надеж дека ќе учествуваат и пратениците од ВМРО – ДПМНЕ.
Во Собранието изминативе денови се одржа јавната расправа за законот за Јавното обвинителство, во организација на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
Евроамбасадорот Самуел Жбогар завчера порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното обвинителство ќе биде донесен пред да се распушти парламентот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Единаесет македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив, небото над Израел денес е затворено

По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и од Израел беа откажани. Од МНР информираат дека се очекува обновување на летовите во текот на денот, во зависност од безбедносната состојба.
Согласно информациите добиени од македонската амбасада во Тел Авив, во моментов вкупно 11 македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив.
„Евакуацијата би можела да се реализира во наредните денови, во зависност од развојот на безбедносната ситуација. Како алтернатива, постои можност за евакуација по море – со брод од Ашдод до Лимасол (Кипар), за што Амбасадата е во редовна комуникација со македонските државјани и надлежните израелски власти“, велат од МНР.
Покрај евакуацијата на првата група граѓани реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 22 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 27. Меѓутоа, не сите се подготвени тоа да го направат веднаш.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопшти дека преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани, сè до нивната безбедна евакуација.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Кога ќе прозбори Филипче, се шири мирисот на стариот режим на Заев

Секоја чест на актерската изведба на Венко Филипче – само што народот не аплаудира, туку превртува очи, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешното обраќње на лидерот на СДСМ на партиската трибина насловена „Македонија понижена – Една година Влада“.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека кога ќе се појави Филипче се шири мирисот на стариот режим на Заев, а сите веднаш се потсетуваат на изгорените животи во модуларните болници, на кинеските вакцини платени, а неснабдени, како и на милионските тендери поделени во 4 очи со неговите пријатели од политиката.
„Човекот кој ја водеше најсрамната здравствена политика во историјата, денес држи предавања за достоинство. Навистина одличен материјал за стенд-ап комедија. Седум години ја влечевте Македонија по кал. Ги осиромашивте граѓаните, ги исплашивте инвеститорите, ги партизировавте институциите до последниот портир и ја претворивте државата во бокс-ринг за вашиот внатрешен картел.
А сега, кога конечно некој почна да расчистува, се јавува токму Венко да каже дека „немало перспектива“. Перспективата, господине Филипче, исчезна кога вие се качивте во бизнис-класата и почнавте да ги носите пријателите на скапи патувања, додека пациентите ги носеа во нестерилизирани сали со фотоволтаици што никако не стигнаа.
Сега ви пречи што новата влада наместо бизнис во Дубаи, избра работа дома. Што наместо пропаганда, избра проекти. И што наместо тендери за свои, воведе одговорност за сите. Да, се живее тешко – ама за првпат по долго време, не поради кражби, туку поради отплата на вашите долгови. Македонија не е понижена, Македонија се издигнува – а вас ве остава зад себе. И не – нема да ве чека. Затоа седнете си, одморете од лагите. Овојпат – без тендер. И јавете му се на Заев, може има некој концерт, за вас е“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
(Видео) Македонија е со повредено достоинство и разочарани граѓани, рече Филипче на партиска трибина

По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока – туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани. Ова го порача Венко Филипче на трибината „Македонија понижена – Една година Влада“.
„Денес, по една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, вистината е болна, но мора јасно и недвосмислено да се каже: Македонија не е горда – Македонија е понижена. Понижени се работниците, понижени се земјоделците, понижени се младите кои се надеваат на својата иднина дома. Една година беше повеќе од доволно време да видиме дека ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт со една голема лага. И денес, една година подоцна, граѓаните тоа јасно го гледаат и го зборуваат“, рече Филипче.
Тој истакна дека низ директни средби со граѓани, најчестото нешто што го слушал е дека достоинствен живот не постои без достоинствени плати, без перспектива за младите, и без правен систем кој важи за сите – освен за власта.
„Вистината е болна. А вистината е дека добивме Влада иста каква што граѓаните со револуција ја сменија. Влада која работи за себе и за оние околу себе, а граѓаните ги остава сами. Влада која манипулира и ги лаже дека живеат добро, додека реалноста е тешка и неподнослива“, посочи Филипче.
Тој додаде дека денешната власт демонстрира бесчувствителност, ароганција и тотално отуѓување од потребите на луѓето.