Свет
Поранешниот јавен обвинител на Украина бара кривична истрага за Бајден
Поранешниот државен јавен обвинител на Украина, Виктор Шокин, поднесе кривична пријава до државните органи во која се тврди дека поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден го принудил Киев да го отпуштат за да ја запре истрагата за „Буризма“.
Во жалбата што Шокин ја испрати до Државното биро за истраги на Украина (СБИ) во вторникот, Шокин бара Бајден да биде обвинет за мешање во активностите на државен службеник.
Шокин ја повика СБИ да почне предистражна постапка за наводното кривично дело извршено од Бајден, за кој тврди дека нелегално вршел притисок врз украинските власти да го отстранат од функцијата користејќи како адут заем од една милијарда долари.
Посочувајќи дека Бајден, во својство на втор човек во американската политичка хиерархија, повеќе пати ја посетувал Украина кон крајот на 2015 и почетокот на 2016 година за да ги убеди властите да го тргнат од функцијата, Шокин тврди дека како резултат на тоа, прекината била објективна истражна кривична постапка за факти за незаконски активности на лица поврзани со компанијата „Буризма холдингс лимитед (Кипар)“, вклучувајќи го и и синот на Бајден, Хантер, кој бил во одборот на компанијата од 2014 до 2019 година.
Шокин конкретно се повикува на неодамна објавената документарна серија „UkraineGate: Незгодни факти“ на францускиот истражувачки новинар Оливие Берјуе, која ги демантира западните медиуми што тврдат дека истрагата за корупција во „Буризма“ била на стендбај во времето кога Бајден лобирал за разрешување на Шокин.
Берјуе, основач на популарниот антикорупциски блог Les Crisis, изјави дека собрал документи кои покажуваат оти истрагата за компанија почнала во тоа време.
Сепак, изјавите на Шокин добија само попатно споменување или целосно игнорирање во мејнстрим-медиумите во САД. Во неодамнешното интервју за „Еј-би-си њуз“, Шокин рече дека неговата канцеларија водела шест истраги за „Буризма“ кога бил принуден да даде оставка.
Бајден отворено се фалеше на настанот на Советот за надворешни односи (ЦФР) во 2018 година дека во март 2016 година му дал на тогашниот украински претседател Петро Порошенко рок од шест часа да го отпушти Шокин или тој ќе повлече една милијарда американски долари американски гаранции за заем. Порошенко потоа го отпушти Шокин на 3 април. Еден ден подоцна, откако Јуриј Луценко беше назначен за нов јавен обвинител, беше објавено дека Бајден му се јавил на Порошенко да му честита и да објави дека САД ќе ја одобрат помошта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Универзитетот Корнел постигна договор со Трамп за деблокирање на парите за истражување
Универзитетот Корнел денес објави дека постигнал договор со администрацијата на Трамп за моментален поврат на повеќе од 250 милиони долари од финансирањето за истражување кое беше замрзнато од април.
Претседателот на Корнел, Мајкл Котликоф, во соопштението изјави дека универзитетот ќе ѝ плати на владата 30 милиони долари и ќе инвестира дополнителни 30 милиони долари во земјоделски истражувања во текот на три години како дел од договорот.
Тој нагласи дека ниту една владина истрага или преглед на работата на универзитетот не открила дека ги прекршил законите за граѓански права. Администрацијата се согласи да ги затвори сите истраги.
Министерката за образование, Линда Мекмахон, објави на платформата X дека договорот е уште една победа во напорите за ставање крај на „поларизирачките политики на DEI“ на врвните американски универзитети кои ја сочинуваат таканаречената Ајви лига.
Администрацијата на Трамп го замрзна финансирањето на универзитетот во април бидејќи рече дека не направил доволно за борба против антисемитизмот.
Администрацијата на Трамп врши притисок врз врвните американски универзитети поради пропалестинските студентски протести, кои ги смета за антисемитски, и политиките насочени кон поттикнување на различноста, кои ги смета за дискриминаторски.
Харвард, најбогатиот и најстариот универзитет во Соединетите Американски Држави, е исто така цел на администрацијата на Трамп и започна правна битка, но сè уште бара спогодба. Трамп во септември изјави дека договорот со Харвард е блиску.
Универзитетот Колумбија и другите американски универзитети постигнаа договори со Трамп ова лето.
фото: принтскрин
Свет
ОН дискутираше за човековите права во САД, американските претставници не се појавија
САД станаа втората земја по Израел што одби да учествува во дебатата на ОН за состојбата со човековите права во својата земја, оставајќи празни места на сесијата на Работната група на Советот за човекови права на ОН во Женева денес.
САД, исто така, не достави национален извештај пред состанокот, соопшти работната група, со што официјално е евидентирана „несоработката“ на Вашингтон. Одлуката нема непосредни последици, а групата ги повика САД повторно да се приклучат на процесот подоцна. Во соопштението од американската мисија во Женева се вели дека ОН „се преправа дека е загрижена за човековите права“, додека им дозволува на познатите злоупотребувачи да ја користат организацијата за „да се кријат од контрола“.
Во соопштението, исто така, се обвинува ОН за „постојана пристрасност против Израел“. Од 2008 година, од сите 193 земји-членки на ОН се бара да поминат низ таканаречен Универзален периодичен преглед (УПР) на нивната состојба со човековите права приближно на секои пет години. Потоа, земјите ги презентираат своите извештаи за напредок, додека други можат да постават прашања и да дадат препораки.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин

