Македонија
Одземен пасошот на вработениот во „Сити мол“ кој испрати лажна дојава за бомба

Скопското основно јавно обвинителство до судот достави предлог за определување мерки на претпазливост за вработен во трговскиот центар „Сити мол“ кој испратил лажна дојава за поставена бомба во објектот.
Осомничениот 19-годишник бил вработен во трговскиот центар преку агенција задолжена за обезбедување на објектот.
Од својот мобилен телефон тој на 29 јануари пристапил на интернет-страницата www.globefone.com и на неговиот претпоставен му испратил текстуална порака со содржина: „Напуштете го молот веднаш, има бомба“.
Претпоставениот веднаш пријавил во полиција, по што била организирана и извршена евакуација на посетителите и вработените во трговскиот центар, а по претресот на објектот не била пронајдена експлозивна направа.
„Против осомничениот е поведена постапка поради сомнение дека пријавил оти е извршено кривично дело предизвикување општа опасност, иако знаел дека такво дело не е сторено“, информираат од Oбвинителството.
Јавниот обвинител побарал на лицето да му бидат определени четири мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај надлежен државен орган, привремено одземање на пасош, како и забрана за преземање определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Бутел и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од улца ХО ШИ МИН, во населба Бутел, општина Бутел;
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. Студеничанска, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Карпош и Центар денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска:
· Поради дефект на приклучна водоводна цевка Ф-1“ и дефект на затварач од Ф-100мм на ул.Будимпештанска бр.25,прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од следните улици:Будимпештанска, Осло Љубица Георгиева, Бањалучка, Хашка и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на дефектот.(општина Карпош)
· Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80“ на улица Пиринска бр.31, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Пиринска и дел од ул.Ленинова од 09:00 часот до завршување.(општина Центар)
Македонија
Утрото ведро и посвежо, попладне до 30 степени

Утрото ведро и посвежо, преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје, сончево, со слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на претежно сончево време со посвежи утра и постепен пораст на дневната температура.