Македонија
Алијансата за Албанците: Над 70 проценти од тетовските села немаат вода за пиење
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/03/55719552_420972462059974_7027551473990893568_n.jpg)
ДУИ ветува, не реализира! Тетово сè уште е без вода за пиење, коментираат од Алијансата за Албанците.
„ДУИ не ја сфаќа суштината на одговорноста за да бидат способни да разберат дека и покрај сите овие неуспеси, нема лице за давање отчет пред граѓаните.
Како мислат да дадат отчет пред граѓаните кога по сите овие години власт, сè уште не обезбедија вода за пиење за сите?
Над 70 проценти од тетовските села немаат вода за пиење и тој процент е многу висок, за што треба да се преземат мерки.
Занемарувањето на овој проблем од страна на централната и од локалната власт може да доведе до ширење епидемиски заболувања.
Алијансата за Албанците ги повикува надлежните органи итно да дејствуваат со дезинфекција и одржување на водоводните објекти.
Потсетуваме дека снабдувањето со вода за пиење беше ветување на ДУИ во платформата 2016-2020, а од друга страна, потсетуваме дека Тетово и нејзината околина со години се соочуваат со овој проблем и поради недостиг на вода граѓаните се принудени да користат купена вода“, велат од Алијансата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Дел од улиците во Аеродром денес ќе бидат затворени поради градежни активности
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2018/09/soobrakjaen-rezim_.png)
Поради изведување градежни активности, денеска изменет режим на сообраќај ќе има во дел од скопската Општина Аеродром.
„На ден 29 јуни (сабота) на ул. ‘Борис Кидрич’ од крстосница со Ул. ‘Симеон Кавракиров’ до крстосница со Бул. ‘Кузман Јосифовски Питу ‘ – Општина Аеродром ќе се изведуваат градежни активности (гребење), па поради тоа ќе има изменет режим на сообраќај на наведените улици, информираат од изведувач на работите, компанијата ‘Гама градба’“.
Македонија
Сончево и потопло со мала до умерена облачност
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/dojran-2.png)
Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени. UV=8
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 34 степена.
Во деновите од викендот и во понеделник времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дневните температури насекаде ќе бидат над 30 степени.
Во вторник се очекува повторно дестабилизирање на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на невреме.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Безобразно е Еролд Муслиу да збори за мерит систем, човекот од Агенција за разузнавање, направи партиски штаб на СДС
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/Screenshot-2024-06-28-174239-1.jpg)
Безобразно и некоректно е Еролд Муслиу да говори за професионализам и мерит систем. Човекот од Агенцијата за разузнавање направи партиски штаб на СДС, организирајќи хајки, напади и пресметувајќи се со ВМРО-ДПМНЕ, велат од оваа партија.
„Воедно агенцијата предводена од Еролд се пресметуваше со новинари, медиуми и личности кои го критикуваа криминалот на СДС и ДУИ.
Муслиу со такво портфолио може да се кандидира единствено за лидер на СДС наместо да рони солзи за неговото разрешување.
А за неговото работење доволно говори податокот дека додека Муслиу е директор, неговата сопруга со помош на владата доаѓа до грант од 620.000 евра. Во која НАТО земја сопруга на директор на служба добива 620.000 евра грант за работа која е дејност на службата на сопругот?“, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тешка манипулација, како што додаваат во соопштението од владејачката партија, е неговата одбрана со етничката припадност и дека тоа е можната причина за смена. „Тоа е завесата позади која тој ја крие неговата неспособност, злоупотреби и партиска пристрасност“, потенцираат од партијата.