Македонија
Постигната согласност за големо преуредување на Деловникот на Собранието
Третиот дијалог „Жан Моне“, кој се одржуваше во македонското Собрание, заврши на 1 февруари, а по дводневна отворена и конструктивна дебата, политичките групи и раководството на Собранието се договорија за измени што ќе осигурат парламентот во својот нов состав да биде ефикасен, транспарентен и ефективен, се неведува во собраниското соопштение.
Промените, пред сè, се однесуваат на реализирањето на аспирациите за членството на земјата во ЕУ и интеграцијата во евро-атлантските институции. Станува збор за големо преуредување на Деловникот на Собранието, а политичките партии се обврзаа да го поднесат текстот по изборите.
„Дијалогот ‘Жан Моне’ обезбеди платформа што ги зближи политичките партии во време на предизвик на патот на Северна Македонија кон ЕУ. Очекуваме изборите да бидат спроведени во согласност со највисоките национални и меѓународни стандарди. Успехот на Собранието во помагањето да се сочува клучниот консензус за реформите поврзани со ЕУ преку дијалог е непроценливо демократско достигнување. Сега сметаме на заложбата на политичките групи да го достават новиот Деловник по изборите. Реформираните правила ќе му овозможат на новиот состав на Собранието веднаш да се фокусира на својата клучна работа“, стои во заедничкото соопштение на тимот олеснувачи, кои се дел од Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Северна Македонија.
Претседателот Џафери, кој копретседаваше со дијалогот „Жан Моне“, заедно со тројца европратеници, изјави:
„Гледано надвор од изборите, дијалогот ‘Жан Моне’ има потенцијал да придонесе за други клучни теми вклучувајќи ја и независноста на Собранието. Процесот на преговори за ЕУ, по почнувањето, ќе донесе нови можности и предизвици, а дијалогот ‘Жан Моне’ може да има клучна улога во зајакнувањето на Собранието да заземе водечка улога“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

