Македонија
Обвинение против корисник на „Фејсбук“ кој повикувал на ликвидација на Заев
Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за обвинение против едно лице кое на социјалната мрежа „Фејсбук“ испраќало закани до Зоран Заев, додека тој беше премиер.
Како што информираат од обвинителството, лицето на 23 и 24 јули минатата година во повеќе наврати извршило поврзани дејствија кои што претставуваат повеќекратно остварување на истото дело.
Корисникот од својот профил на „Фејсбук“, објавил повеќе закани кои биле упатени кон претседателот на Владата, при што во објавените коментари обвинетиот повикувал на физичка ликвидација на оштетениот и ја загрозил неговата сигурност.
Од обвинителството посочуваат дека тој се заканувал оти ќе стори кривично дело за кое е пропишана казна затвор од најмалку пет години, а сега се товари дека сторил продолжено кривично дело – загрозување на сигурност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска и утре, 28 и 29 ноември 2024 година, ќе престојува во официјална посета на Црна Гора.
Денеска, во Цетиње, претседателката Сиљановска Давкова со највисоки државни и воени почести ќе биде пречекана од претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, по што ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу двајцата претседатели, како и пленарен состанок на делегациите на двете држави.
Предвидено е претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица да оствари средба со претседателот на Собранието на Црна Гора, Андрија Мандиќ.
Утре, 29 ноември 2024 година, петок, претседателката Сиљановска Давкова во Подгорица ќе оствари средба со претседателот на Владата на Црна Гора, Милојко Спајиќ.
Во рамки на официјалната посета, претседателката Сиљановска Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет при Универзитетот на Црна Гора, на тема „Западнобалканскиот демократски и евроинтеграциски маратон“.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја и вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 11.00 часот, корисниците ул. Индустриска броеви од 4 до 27 ( општина Гази Баба )
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од полициска станица „Бит Пазар“, ул. Војдан Чернодрински, ул. Алберт Станиќ, дел од ул. Исмаил Кадире, ОУ Јашар Бег- Скупи ( општина Чаир )
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека поради изведување на водоводен приклучок Ф 150мм.на улица Никола Парапунов 16, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Никола Парапунов.(Општина Карпош)
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од петок до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота.