Контакт

Македонија

Во Маврово 33 сантиметри снег, во Охрид 19

Објавено пред

Висината на снежната покривка изутринава во Пожаране изнесува 36 сантиметри, 33 во Маврово, 22 во Дебар, 21 во Битола, 19 во Охрид, 15 во Прилеп, 9 на Попова Шапка, 8 во Ѓуриште, 7 во Тетово, 6 сантиметри во Крива Паланка и 3 сантиметри во Претор.

dobivaj vesti na viber

Минимални температури се измерени во Маврово – 5, -4 во Лазарополе и Крушево, -2 во Охрид и Претор, -1 во Берово, Прилеп, Крива Паланка, Тетово, Битола и во Виница.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

МЗ: Паднатиот потпорен ѕид позади Детската клиника е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште

Објавено пред

Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште.

dobivaj vesti na viber

„Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето околу клиниките. Во интерес на граѓаните, потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, поради тоа што се работи за улица, а надлежните инспекциски служби да дадат мислење за моменталната безбедност“, велат од МЗ.

Прикажи повеќе...

Скопје

Јавен повик на Општина Ѓорче Петров за три работни места во областа на социјалата

Објавено пред

Општина Ѓорче Петров објавува јавен повик за вклучување во програмата општинско-корисна работа. Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата општинско – корисна работа, проект „Обезбедување помош и поддршка при самостојно живеење на стари лица и лица со попречености“ за вклучување/работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци.

dobivaj vesti na viber

Евидентираните невработени лица кои немаат сертификат/уверение признаен од релевантните институции за стекнати вештини/ компетенции за занимања од социјалната и здравствената сфера, согласно услугата која треба да се испорачува, ќе бидат вклучени во програмата при што 3 месеци ќе добијат задолжителна обука и 6 месеци работно ангажирање.

Станува збор за следните работни места: Фасилитатор-унапредувач на социјалниот дијалог – една позиција.

Потребни квалификации – завршено најмалку средно образование, активен барател на работа. Станува збор за теренска работа, директен контакт со лицата што се во социјален ризик и мапирање со проблемите со кои тие се соочуваат и нивна анализи, селектирање и формирање на база на податоци кои подоцна би се користеле за формирање на политики за нивно надминување.

Лична асистенција за помош и поддршка при самостојно живеење-инструменталисти – три позиции.

Потребни квалификации – завршено најмалку основно образование, активен барател на работа. Услугата лична асистенција за помош и поддршка при самостојно живеење, односно помош и поддршка при вршење инструментални активности во домот.

Неговател за стари и изнемоштени – Алцхајмер, палијативна нега или мултиплекс склероза – две позиции.

Потребни квалификации – поддршка во извршување на секојдневните активности, нега и помош во домашни услови

Општина Ѓорче Петров на овој начин им помага на невработените лица да се стекнат со вештини и постепено да се вклучат на пазарот на труд.

Заинтресираните невработени лица пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување на Град Скопје во периодот од 10.06.2024 година до 15.06.2024 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Агелер го пофали Мицкоски на енергетскиот форум: Вашето присуство дава многу важна порака за навигација на енергетскиот пејзаж

Објавено пред

Енергетската сигурност и зелената енергија се два суштински приоритета што треба да ги надминат партиските политики, рече денес амбасадорката на САД во Македонија, Ангела Агелер, во обраќањето на седмиот Македонски енергетски форум. Таа нагласи дека енергетската сигурност и зелената енергија како приоритети се од витално значење и за земјата и за регионот.

dobivaj vesti na viber

Агелер смета дека земјава ја чекаат многу предизвици и покај тоа што во голема мера закрепнала од неодржливата енергетска околина во минатото.

„Безбедна енергетска иднина изискува дополнителни иновации и напредок на многубројни проекти вклучувајќи и завршување на грчко-македонскиот гасовод. Овој извор на природен гас ќе ја елиминира првин зависноста од Русија, како и заканите на одредени прекини во снабдување со гас. Со интерконекторот или гасоводот Северна Македонија исто така може да гради централи, кои се со погон на гас и ќе може да ја олесни транзицијата на земјата од јаглен кон други извори“, рече амбасадорката Агелер.

Таа смета дека земјата има многу соларна енергија, голем хидропотенцијал, како и голем потенцијал за ветерници, кои може да бидат употребени при транзицијата, а САД може да помогнат во тоа не само на владата и на граѓанските организации туку и на приватниот сектор, односно на компаниите на кои им требаат партнерски инвестиции и поттик за внесување иновации, производи, технологии и индустрии што водат кон чиста енергија.

Амбасадорката Агелер во воведното обраќање на форумот го поздрави Христијан Мицкоцки нарекувајќи го иден премиер на земјата и нејзин пријател.

„Вашето присуство овде дава многу важна порака за вашата лична заложба и таа на владата за да може да навигирате низ еден комплексен енергетски пејзаж во кој денес Македонија се наоѓа“, рече амбасадорката Агелер.

Кратко по неа, говор имаше и Мицкоски. Рече дека при преминувањето од јаглен на други извори енергија особено ќе внимаваат на социјалниот момент, а одговори и на забелешката од амбасадорката за грчко-македонскиот гасовод. Смета дека освен тоа што треба да се поврзат македонскиот и грчкиот гасовод, треба да се додаде и интерконектор, кој ќе ги поврзе македонскиот и српскиот гасовод, со што ќе се обезбеди поголем пристап до светскиот пазар за гас.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

МЗ: Паднатиот потпорен ѕид позади Детската клиника е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште

Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на...

Македонија47 минути

Агелер го пофали Мицкоски на енергетскиот форум: Вашето присуство дава многу важна порака за навигација на енергетскиот пејзаж

Енергетската сигурност и зелената енергија се два суштински приоритета што треба да ги надминат партиските политики, рече денес амбасадорката на...

Македонија2 часа

Деспотовски ги повика кандидатите за претседател на СДСМ да се соочат на дебата: Охрабрува тоа што моите колеги ги промовираат клучните точки од мојата програма

Јован Деспотовски ги повика уште еднаш сите кандидати за претседател на СДСМ да му се придружат на јавна дебата, на...

Економија3 часа

Мицкоски најави инвестиција во енергетиката: Нов ветропарк помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш за производство на електрична енергија

„Кога се работи за енергетската транзиција треба да имаме предвид дека е сложена и доста скапа таа транзиција. Секогаш кога...

Скопје3 часа

Герасимовски: Да беше наша надлежност, ѕидот одамна ќе беше саниран

Општина Центар остро ги демантира наводите и шпекулациите дека санацијата на потпорниот ѕид на Клинички Центар и улица „Белградска“ се...

Регион4 часа

(Видео) Маж се полеа со бензин и се запали пред зградата на хрватската влада

Околу 9.40 часот пред оградата на јужната страна на плоштадот Свети Марко во Загреб, пред зградата на хрватската влада, непознато...

Регион5 часа

Неколку земјотреси го погодија Крит, најсилниот со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала

Неколку земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, утрово за краток временски период го...

Македонија5 часа

20-годишник тешко повреден во сообраќајна несреќа синоќа на булеварот Србија

Синоќа се случи тeшка сообраќајна незгода на булевар Србија. „На 10.06.2024 околу 21.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на...

Свет6 часа

Стотици животни загинаа во пожар на познат тајландски пазар

Неколку стотици животни во кафези загинаа во пожар на пазарот Чатучак во Бангкок, еден од најпознатите пазари во Тајланд, соопштија...

Регион6 часа

Осум лица се повредени кога автобус излетал од патот во општина Лазаревац

Осум лица се повредени кога автобусот на Ласта излетал од патот на територијата на општина Лазаревац, соопштија за Танјуг во...

Македонија6 часа

Девет пожари на отворено во изминатото деноноќие, некои од нив во Ѓорче Петров, Сарај и Гази Баба

Девет пожари на отворено се регистрирани во последното деноноќие и сите се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи....

Свет7 часа

Лавров: Западот се обидува да наметне свој поредок во светот

На состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки на БРИКС во Нижни Новгород, рускиот министер за надворешни работи Сергеј...

Свет7 часа

Јужнокорејската армија лансира предупредувачки истрели кон 20 севернокорејски војници

Јужнокорејската армија истрелала серија предупредувачки истрели кон околу 20 севернокорејски војници кои најверојатно по грешка ја нарушиле меѓукорејската граница, соопшти...

Свет7 часа

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Веили во Кина

Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди округот Веили во кинеската автономна ујгурска провинција Ксинџијанг,...

Свет7 часа

Руски воен авион су-34“ се урна во Северна Осетија, екипажот загина

Руски воен авион Су-34 се урна во Северна Осетија поради техничка неисправност, а екипажот загина, соопшти руското Министерство за одбрана....

Македонија20 часа

Владата со препораки до граѓаните и работодавачите поради најавите за топлотен бран

Владата на барање на Министерството за здравство, одржа вонредна седница, поради најавите за топлотен бран во државава и донесе соодветни...

Македонија1 ден

Костадиновски најави засилен судски активизам: Ќе поведуваме постапки и ако нешто побуди интерес кај јавноста или сомнеж кај нас, седниците ќе се пренесуваат во живо

Со пренесување во живо на седниците на Уставниот суд, оживување на атрофираната функција на судот за поведување постапки по сопствена...

Македонија1 ден

(Видео) Падна потпорниот ѕид кај Детската клиника во Клиничкиот центар, извести ЦУК

Во ноември 2022 до ЦУК стигнале пријави од неколку граѓани, кои пријавиле дека потпорниот ѕид на улицата што минува веднаш...

Македонија1 ден

Манолева се сретна со стручниот и со лекарскиот колегиум на Клиниката за токсикологија, побарано од вработените да дадат предлог за именување медицински директор

Заменик-министерката за здравство, д-р Маја Манолева, денеска оствари средба со дел од стручниот колегиум и со претставници на лекарскиот колегиум...

Македонија1 ден

(Видео) Јанчев: Министерството за рударство е лобирано од рударското лоби, кое сака мултимилионски профит

Пратеникот Сашко Јанчев, во однос на измените во ЗОРОДУ и отворањето на министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, потсети...