Забава
Ума Турман, Шерон Стоун и Мишел Родригез на свечен настан во Беверли Хилс

Ума Турман, Шерон Стоун и Мишел Родригез заблескаа во својот моден избор на свеченоста „Гала за светските океани“ (Global Ocean Gala), што се одржа во Беверли Хилс во четвртокот вечерта.
Водечките дами беа стилски беспрекорни додека помагаа во оддавање почест на принцот Алберт Втори од Монако за неговата посветеност кон зачувувањето на планетата и океаните.
Турман (49), ѕвездата од „Убиј го Бил“ и „Евтини приказни“, изгледа сензационално во црн фустан со долги ракави.
Поранешната манекенка својата руса коса ја подигна во елегантна пунџа, а изгледот го дополни со дијамантски обетки, малку руменило за образи и црвен кармин за усни.
Стоун (61) ги привлече погледите на себе во костим во металик зелени и црни пруги.
А под сакото Стоун носеше само црн градник.
Сирената од „Основен инстинкт“ имаше лежерна пунџа фризура, големи обетки во форма на круг и очила со црни рамки.
Стоун позира за фотографии на црвениот тепих со принцот Алберт, чија мајка беше холивудската актерка Грејс Кели.
Родригез (41), ѕвездата од „Брзи и бесни“, се определи за сребрен металик фустан без рамења надолу набран.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
И на 56 години, и нема рамна: Анистон откри кое јадење и помага да ја одржи својата совршена фигура

Славната актерка Џенифер Анистон стана едно од најомилените лица низ целиот свет уште од првиот ден кога се појави на малите екрани.
Таа е една од ретките актерки која успеала да го одржи својот изглед без да подлегне на новите трендови и да го промени својот личен опис преку пластична хирургија.
Нејзиниот изглед често е главна тема на разговор, а нејзините извајани мускули секогаш оставаат без зборови.
За да изгледа фит и на 56 години, актерката се придржува до специфична диета, но и многу тренира.
Анистон еднаш откри кое јадење го јаде неколку пати неделно, и токму благодарение на тоа ја одржува својата совршена фигура.
За оваа салата, потребни ви се половина чаша киноа, две чаши вода, малку магдонос, краставица, домат, авокадо, маслиново масло и сок од лимон. Измешајте сè заедно и уживајте во совршениот оброк за претстојните летни денови.
Забава
(Фото) Бекам е повторно сингл, со својот изглед привлече внимание во Париз

Синот на познатата двојка Викторија и Дејвид Бекам, Ромео, неодамна ја заврши седуммесечната врска со манекенката Ким Тернбул, а како резултат на тоа, во центарот на вниманието се појавија и бројни други гласини.
Веќе некое време, поточно, од прославата на 50-тиот роденден на Дејвид, се шпекулира дека односите во семејството не се баш најдобри, а дека постои и тензија меѓу Бруклин и Ромео. Сепак, Бекамови сè уште чуваат во тајност.
Во тој период, Ромео решил да присуствува на тенискиот турнир во Париз, Ролан Гарос, а неговиот изглед привлече големо внимание.
За оваа пригода, младиот Бекам избра лежерна маица и сако, со што се најде на листата на најдобро облечени познати личности на овогодинешниот турнир.
Исто така, се пишуваше дека Ким била причината зошто односите во семејството биле затегнати, но извор близок до двојката открил дека двајцата останале во пријателски односи по раскинувањето и дека сè е во најдобар ред.
Забава
(Видео) Џенифер Лопез воодушеви со својот изглед и енергија, носеше провокативен костим

Латино дивата Џенифер Лопез настапи на фестивалот World Pride Music во Вашингтон и блесна во сребрен костим.
Не е тајна дека Џеј Ло внимателно го подготвува секој свој настап и ги воодушевува луѓето ширум светот со својата енергија. Сепак, како и обично, фокусот беше на нејзиниот костим, а овој пат беше доста провокативен.
Како што истакна, се чувствува слободна и среќна и е подготвена да ја сподели целата енергија што ја има со публиката.